Три аргументи зошто согорувањето е лошо

Огнот е најкорисен кога нè грее - и буквално и симболично, и нè е залудно е кажано дека „вистинската љубов треба да нè грее“.

tri-argumenti-zoshto-sogoruvanjeto-e-losho01.jpg

Вистина е дека уште од праисторијата огнот нè одделуваше од животинските видови, а со векови наназад се истражуваат начини како неговата основна употребна вредност - а тоа е греењето - да ја одделиме од низата штетни последици што се јавуваат при каква било форма на согорување.

Главниот и најштетен нус-производ на согорувањето е чадот, а штетните честички што се ослободуваат во воздухот имаат негативно влијание врз околината.

Ист случај кај зимскиот огрев

Старо правило е дека почетокот на зимскиот студ се планир уште во мај. И со оглед дека грејната сезона само што заврши, домаќинствата уште сега размислуваат како да се греат на најчист и најбезбеден начин во текот на студените зимски денови. Во нашата земја се проценува дека 62% од домаќинствата користат дрва за греење. Просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 кубни метри огревно дрво за загревање или најчесто околу шест кубни метри. Доколку се подели вкупната дрвна маса што се сече на годишно ниво со бројот на кубните метри неопходни за греење, се добива дека повеќе од 130.000 домаќинства се греат на огревно дрво.

Современите видови греење сè повеќе вклучуваат греење на копче и потенциометар, па покрај контролата на температурата на воздухот во просторијата, овој начин на загревање исто така значително придонесува и за намалување на штетните материи што се ослободуваат во воздухот преку оџакот.

tri-argumenti-zoshto-sogoruvanjeto-e-losho-03.jpg

Мислевме дека електричните автомобили се далечна иднина

Веќе сме сведоци на отворање сè повеќе станици за полнење електрични возилаво земјава. Во светот мрежата на електронски полначи за возила се шири толку брзо како што расте и свеста на возачите за штетните ефекти од согорувањето на горивото во автомобилите врз околината. Иако сè уште има полемики за влијанието врз животната средина, најважен факт е дека во моментов активно се дискутира во оваа област и се смислуваат подобри решенија во врска со согорувањето на горивото и штетните издувни гасови што доаѓаат од издувните гасови на автомобилот.

tri-argumenti-zoshto-sogoruvanjeto-e-losho02.jpg

Греење, а не согорување

Тоа е технологија што може да се примени за исфрлање на чадот од тутунот. Нема човек што не знае колку негативни последици има пушењето цигари врз нашето здравје. Истражувањата покажуваат колку е штетен чадот од тутунот за здравјето не само на пушачите, туку и на нивната околина, пред сè поради повеќе од шест илјади супстанци кои се јавуваат при согорување на тутунот, од кои околу 100 се класифицирани како штетни и потенцијално штетни. Цигарата почнува да гори на околу 400 степени Целзиусови. Тогаш тутунот почнува да гори и се создава тутунски чад, така што пушачите внесуваат никотин со илјадници други споменати штетни материи. Но, она што повеќето пушачи треба да го знаат е дека никотинот се ослободува од тутунот дури и при пониска температура од околу 250 степени Целзиусови. Така што потребната количина никотин од тутунот може да се добие без согорување и без сите придружни штетни материи што произлегуваат од согорувањето и чадот од тутунот. Сè почесто светските експерти за јавно здравје велат дека постои подобра опција за сите пушачи кои сакаат да ги сменат своите лоши навики, а не се целосно подготвени да се откажат од нив. Тие наведуваат дека одговорот може да биде и во греењето на тутунот, односно во помалку штетните алтернативи кои се базираат на технологијата на загревање на тутун, објаснувајќи ги основните разлики помеѓу аеросолите и чадот од тутун.

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Стефан Лазаров: „Синот ќе се вика Лука, уште немаме купено ништо за бебето“ „Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите р...
Ѝ ги врзува сандалите, ја храни со школки - Љупка Митрова и сопругот разменуваат нежности на Капри Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности,...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 ... „Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што с...

Најчитани неделава