Македонецот Дамјан тргна пеш од Скопје до манастирот Острог – ќе изоди 400 km за да собере пари за добротворна цел

Македонецот Дамјан Марковски тргна пеш од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора, со цел да собере пари за набавка на мерачи на срцевиот ритам за млади спортисти. Тoj е веќе на пат, и до крајната цел треба да изоди 400 километри.

makedonecot-damjan-trgna-pesh-od-skopje-do-manastirot-ostrog-kje-izodi-400-km-za-da-sobere-pari-za-dobrotvorna-cel-01.jpg

Слично како српскиот пејач Никола Роквиќ, кој изоде од Србија од Грција за да собере пари за добротворна цел, Македонецот Дамјан Марковски одлучи да пешачи од Скопје до манастирот Острог.

Веста за храбриот подвиг е споделена на Фејсбук страната на фондацијата Марко Божиновски.

Имено, целта на Дамјан е да се соберат пари за набавка на мерачи на срцевиот систем кои можат да обезбедат предупредувања за потенцијални срцеви проблеми кај младите спортисти.

Дамјан тргна од Скопје на 28-ми мај, а до Острог ќе треба да изоди 400 километри.

makedonecot-damjan-trgna-pesh-od-skopje-do-manastirot-ostrog-kje-izodi-400-km-za-da-sobere-pari-za-dobrotvorna-cel-03.jpg

„400-километарски предизвик на Дамјан во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија!

Запознајте се со Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, а сега пред него е подвиг за кој ретко кој би се охрабрил да го исполни!

Дамјан, кој во моментов има зад себе 32 километри, утринава во 6 часот од центарот на Скопје тргна пеш кон манастирот во Острог, оддалечен околу 400 километри!

Имено, со ова пешачење Дамјан на свој начин изразува благодарност кон Св. Василие Острошки, манастир кој имал значаен придонес во оздравувањето на член на неговото семејство.

Покрај тоа, оваа иницијатива ја користи и за подигање на свеста за интензивирање на медицинската грижа особено кај младите спортисти!

Па така, тој ги повика сите да донираат симболичен износ на линкот додека не бидат објавени телефонските броеви за донација, а средствата собрани од оваа инцијатива ќе бидат искористени за набавка на Polar мерачи на срцевиот ритам.

Овие уреди можат да откријат неправилности во срцевиот ритам и да обезбедат рани предупредувања за потенцијални срцеви проблеми.

Со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти, веруваме дека можеме да спречиме трагедии како онаа која ги однесе животите на Марко и Андреј.

Ти благодариме за оваа прекрасна инцијатива Дамјан! Нашите мисли се со тебе и ти посакуваме среќа и лесен пат до крајната цел!

Знаеме дека ова нема да биде лесно, но не заборавај дека сите членови и поддржувачи на фондацијата се со тебе!“ – стои во објавата на Фејсбук од 28-ми мај.

makedonecot-damjan-trgna-pesh-od-skopje-do-manastirot-ostrog-kje-izodi-400-km-za-da-sobere-pari-za-dobrotvorna-cel-02.jpg

Дамјан ја сподели целта за својот подвиг и на неговиот Инстаграм профил.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Македонецот што ќе пее вечерва во финалето на Ѕвездите на Гранд за CRNOBELO: „Цеца многу ми помага“ „Цеца е клучна затоа што знаеше дека со македонските песни народот ќе ме запамет...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава