По 31 ден пешачење, Никола Роквиќ пристигна во Егина: Ги собра парите, си го исполни ветувањето дадено на Свети Нектариј

Српскиот пејач Никола Роквиќ по 31 ден пешачење, стигна на својата цел, манастирот Нектариј Егински, во Егина, Грција.

po-31-den-peshachenje-nikola-rokvikj-pristigna-vo-egina-gi-sobra-parite-si-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-na-sveti-nektarij-01.jpg

Откако на 22 април тргна пеш од Белград, на пат долг 1.060km, со хумана цел да собере пари за апарат за дијагностицирање рак на мозокот кај децата за Клиниката за детска онкологија во Белград, Никола Роквиќ успеа да ја исполни својата цел.

po-31-den-peshachenje-nikola-rokvikj-pristigna-vo-egina-gi-sobra-parite-si-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-na-sveti-nektarij-03.jpg

Тој 31 ден одеше пешки до целта, а ги собра и потребните пари од донации на граѓаните, па дури и повеќе од тоа.

На целта го пречека сопругата и нивните три деца.

po-31-den-peshachenje-nikola-rokvikj-pristigna-vo-egina-gi-sobra-parite-si-go-ispolni-vetuvanjeto-dadeno-na-sveti-nektarij-02_copy.jpg

Претходно, кога се качи на бродот кон Егина, Никола откри дека успеал да си ги исполни двете ветувања дадени пред патот.

„На ова патување имав два завета. Првиот му го дадов на Свети Нектариј, дека ќе дојдам до кај Светителот пеш, а вториот дека нема да поминам ни еден сантиметар во возило што се движи.

Бродот е првото превозно средство кое е во движење, а тоа да не се моите нозе. За 31 ден. Чувството е вонврененско“, напиша тој.

На патот кон Егина, Роквиќ не одеше сам.

Честопати го пресретнуваа луѓе кои му правеа друштво и чекореа покрај него, а на еден дел од патеката со него одеше и актерот Иван Босиљчиќ.

Никола Роквиќ во текот на патувањето пешачеше и на дожд и на силно сонце.

Тој одеше и низ Македонија, па токму тука го дочека и Велигден и празникот го помина со семејството.

Инаку, за да ја реализира својата идеја, Никола, заедно со сопругата Бојана, ја формираше фондацијата „Porodica“ и ова е нивната прва активност.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола Роквиќ и сопругата за кризите во љубовта: „Сакавме да се разделиме, венчани сме само во црква... „Јас уште не сум официјално венчана, тоа малку луѓе го знаат. Сакавме да се...
„Господ нè спои“ - Никола Роквиќ за сопругата, која пред него беше во врска со познат НБА играч „Патувавме 30 часа до Филипините и цело време бев покрај неа. Тоа беше некоја чу...
Никола Јокиќ плаче како дете од среќа - прескокнува ограда, трча да си го погали коњот кој победи на... Јокиќ, кој е страстен љубител на коњи, не може да поверува дека негов коњ победи...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Бруклин Бекам флертувал со српска пејачка, таа проговори: „Викторија е свекрва од пеколот“ „Се сретнавме еднаш во хотел во Дубаи, на појадок ме шмекаше и ми намигнуваше, а...
Филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо aнџели“: „Да се има 4 деца е голема одговорност, а засег... Мирка Васиљевиќ има 34 години и 4 деца со српски фудбалер за кого постојано има ...

Најчитани неделава