„Господ нè спои“ - Никола Роквиќ за сопругата, која пред него беше во врска со познат НБА играч
- Детали
- сабота, 11 октомври 2025
„Патувавме 30 часа до Филипините и цело време бев покрај неа. Тоа беше некоја чудна енергија која нè поврзуваше, не можевме да се одвоиме. Не беше само симпатија на прв поглед, беше нешто посебно, како да нè спои Господ“, вели познатито пејач за сопругата, која пред него беше со врвен шпански кошаркар од НБА.

Никола Роквиќ веќе деценија и половина го дели својот животот со својата сакана Бојана Баровиќ.
Пејачот во едно неодамнешно гостување откри како се запознале и како енергетски се поврзале уште од првиот миг.

Никола Роквиќ вели:
„Се сретнавме во Сингапур, на аеродромот. Јас мислев дека е некоја девојка од продукцијата на шоуто „Survivor“.
И некако, целиот тој период бевме заедно... Патувавме 30 часа до Филипините и цело време бев покрај неа.

Тоа беше некоја чудна енергија која нè поврзуваше, не можевме да се одвоиме.
Не беше само симпатија на прв поглед, беше нешто посебно, како да нè спои Господ“.

Пејачот вели дека верува дека ништо не се случува случајно.
За првите години од нивниот заеднички живот, Никола вели:
„Првите пет години живеевме на релација Белград – Њујорк – Лос Анџелес, бидејќи таа живееше таму, и беше многу тешко. Но, кога има волја – сè опстојува“.

Инаку, Никола и Бојана имаат три деца кои се круна на нивната љубов – ќерката Леона, синот Симеон и најмладата ќерка Ангелина.

Тие важат за еден од најхармоничните парови на српската јавна сцена.


Но, пред да стапи во врска со Роквиќ, Бојана била во врска со познатиот НБА кошаркар Пау Гасол од Шпанија, факт што јавноста не го знае многу.
