Филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо aнџели“: „Да се има 4 деца е голема одговорност, а засега не сакам свадба – стрес ми е“
- Детали
- петок, 22 август 2025
Мирка Васиљевиќ има 34 години и 4 деца со српски фудбалер за кого постојано има гласини дека ја изневерува, а еднаш јавно ја посрамоти. Во ново интервју таа вели: „Не ми е пријатно кога ќе прочитам грди коментари, но не давам деманти. Инаку, јас сум кочница за свадба, премногу е стресно тоа, а засега немаме план за 5-то дете, голема обврска се и овие 4, од кои три тинејџери“.

Српската актерка Мирка Васиљевиќ (34) остана запаметена по улогата на Софија, односно филмската ќерка на Никола Којо во филмот „Ми нисмо анџели 2“.

Но, и нејзиниот приватен живот за многумина е интересен – по скандалозната врска со нарко-бос, таа од 2009-та е во врска со фудбалерот Вујадин Савиќ, со кого има 4 деца - синот Андрија (роден во 2011 година), ќерката Адријана (2013), синот Михајло (2014) и ќерката Аника (2021).
Гласини дека партнерот ја изневерува, 4 деца на 31 година - факти за филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо Анџели“

Нивните имиња честопати се наоѓаат во српските таблоиди, но не само со нивните работни ангажмани и животот со 4 деца, туку заради многуте наводни неверства од страна на нејзиниот партнер.
Филмската ќерка на Никола Којо посрамотена од партнерот на црвен тепих: „Бегај од мене – оди сликај се сама“
Тие никогаш не се огласуваат по повод шпекулациите, но сепак актерката има изјавено дека не верува на гласините, а фудбалерот пред 2 години го истетовира нејзиниот лик, за на сите да им покаже дека таа е единствената жена во неговиот живот.
Во ново интервју за Blic.rs, Мирка зборува за кариерата, вели дека се пронаоѓа во водителството но само повремено и нема намера да прави цел свој проект, бидејќи сепак примарната љубов ѝ е актерството.
Освен за работните ангажмани и планови, таа зборува и за повеќе приватни теми, а беше прашана дали ѝ пречат гласините и информациите кои се шират за неа повремено.
„Искрено, не ме погодуваат. Секако дека не ми е пријатно и драго кога некој ќе ми прати или кога ќе налетам на нешто такво, никој не сака да биде грден и навредуван, но свесна сум дека секое чудо е за три дена.
Ако не давам деманти, ако не се впуштам во полемика, за 3-4 дена ќе отиде некој нов натпис, а ова за мене ќе отиде во заборав.
Дури и ако не се заборави, сепак секој со своите постапки покажува дали е нешто вистина или не. Времето покажува.
Ако владеете со вистината и ако сте стабилно со две нозе на земја, тие работи не може да ве поколебаат и да ве изместат“ – признава актерката.
Секако, не поминува интервју во кое Мирка не е прашана за животот со 4 деца, дали планираат да го шират семејството, но и дали во догледно време може да биде видена во улога на невеста.