Филмската ќерка на Никола Којо од „Ми нисмо aнџели“: „Да се има 4 деца е голема одговорност, а засега не сакам свадба – стрес ми е“

На прашањето „Дали прво ќе го изговорите судбоносното ’ДА‘ кое сите го очекуваме со години или ќе станете мајка по петти пат?“, таа одговара:

„Мртва трка е… Се шегувам на своја сметка секако. Секогаш ги сакам тие теми, шират позитивна енергија.

Но, да се има 4 деца во денешно време е голема обврска и одговорност. И едно дете е, но секој со својот живот.

Сега имаме три тинејџери, и веќе не е трчање по нив, туку повеќе е ментална грижа, бидејќи имаат одговорности за почитување и исполнување, па поместуваат граници, се испробуваат, а веќе се во години кога треба да сносат одговорност, не може да кажеме – мали се, не знаат.

Имаат и свои маани на кои треба да се работи, да се освестуваат. Така што, има многу поразличен пристап кон нив, додека најмалата ќерка има 4 години, таа уште си игра и си бара безгрижно детство, без да се мачиме со – кога си дојде дома, дали напиша домашна, зошто не кажа дека имаш тест и сл.

Засега сме задоволни со нив четворица, бидејќи има голема организација, грижа и посветеност. Но, имаме 35 години и тој и јас, не сакам да кажам дека никогаш не би размислиле, но засега сме задоволни како што е“.

Мирка не пропушти да одговори и на прашањето за свадба, па признава:

„Што се однесува до венчавка, тука признавам јас сум виновник. Јас сум таа што кочи, што секогаш има некоја друга организација, желба, потреба.

Колку повеќе гледам луѓе кои се венчаат околу нас, сфаќам дека не е мала работа. Ред е сите да се поканат, а имаме голем круг познаници, па да се најде простор, време, 101 ситница.

А... имаме толку малку слободно време со Вујадин заради професионални и семејни обврски.

Па кога имаме малку слободно време, преферирам да одморам, да застанам, да издишам, да се посветам на себе и на сите нив, наместо да влезам во тој стрес со организирање свадба“.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Српската пејачка Милена Чераниќ: „Имам видено многу повеќе среќни парови без деца, отколку со по нек... „Не ми зборувајте дека најважно е да родам дете, затоа што за мене е најважно да...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава