„Апче“ и уште 4 слаткарници во Скопје кои ни будат носталгија

На боза во „Апче“ или на индијанка во „Шехерезада“, си има своја магија, нели? Носи мирис на минати времиња, буди носталгија, прави топло на срцето. Кои се култните слаткарници во Скопје од „ваше време“?

apche-i-ushte-4-slatkarnici-vo-skopje-koi-ni-budat-nostalgija-01.jpg

Се сеќавам кога бев мала и сестра ми ме носеше (читај малтетираше) на шопинг со себе во ГТЦ. Таа е 9 години постара од мене, па додека ме влечкаше по продавници јас бев она намуртено детенце, кое само прашува кога ќе си одиме дома.

Но, потоа најде трик и секогаш ме носеше на лимонада и индијанка во слаткарницата „Шехерезада“ во подрумот на ГТЦ. Таму правевме пауза и потоа продолжувавме, а јас пак секој пат броев уште колку бутици имам до мојата индијанка.

Поминаа години оттогаш, се случи живот... Но, јас кога и патот случајно да ме одведе во подрумот на ГТЦ ја гледам слаткарницата и го чувствувам мирисот (и вкусот) на моето детство.

Која е вашата омилена скопска слаткарница од детството или младоста?

Ајде да разбудиме малку носталгија во срцата со потсетување на култните слаткарници... Да, да и сладоледот од „Ескимо“ е тука и бозата од „Апче“.

Слаткарници во Скопје кои ни будат носталгија:

Апче

Шехерезада

Малага

Eскимо

Палма (Kaрпош)

Палма (Аеродром)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава