Борче Стаменов за операцијата од тумор на мозокот пред 19 години: „Ме спаси цел тим доктори кои повеќе од 8 часа ми 'копаа' по главата“

„’Добро. Имаш некоја чудна округла форма со прилично широк дијаметар од околу 5,5 сантиметри. Се сомневам на тумор, но ќе биде најдобро да се испита уште еднаш...’, ми кажа докторот“, вели македонскиот хуманитарец Борче Стаменов во својата емотивна исповед. Сега, 19 години подоцна тој денот на операцијата го слави како свој втор роденден.

borche-stamenov-od-doniraj-kompjuter-otkri-deka-bil-operiran-od-tumor-na-mozokot-pred-19-godini-rakata-ne-me-slushashe-01.jpg

Борче Стаменов, човекој кој со својата хуманост и иницијативата „Донирај комјутер“ ја освои Македонија, на 3-ти март сподели дека тој ден го слави својот втор роденден, односно дека поминале точно 19 години од операцијата поради тумор на мозокот.

„Традиционално на овој ден си го споделувам текстов. Втор роденден другови, денес полнам 19 години“, напиша тој и сподели текст во кој говори за овој тежок период од неговиот живот.

Дел од текстот на неговиот блог за соочувањето со дијагнозата тумор на мозокот гласи:

Абе цел ден ми забегуе ракава. Сакам да ја стаам у џеп ама некако не оде натаму. Чудна работа. Како да не е моја. Како да има сопствен ум и цел ден ми се инаeти. Веројатно од шо кревам тешки работи?

* Неколку месеци подоцна

Бев на работа и по пат се прашував што е ова шо почна да ми се случува. Стигнав дома и влегов да се туширам. Ја користев само левата рака пошо десната не беше послушна. Раката се играше сама. На мама не ѝ кажав за да не се нервира. Сигурно не беше ништо страшно, се тешев.

Тоа време татко ми и брат ми беа на работа некаде у Грција. Затоа и не сакав да ја плашам пошо знам колку лесно паничи. Навечер нападите беа поинтензивни. Едно време комплетно изгубив контрола на половина рака. Тоа беше невообичаено оти обично само дланката беше онаа која имаше трнење како да има уште едно срце во неа и пумпаше.

Беше доцна, па отидов на прва помош. Стандард шема. Мерење притисок, нормален. Глупави прашања јадеше ли, спиеше ли, да не се нервираш нешто?

...Повеќе бев во чекална кај матичниот, него на работа или дома. И тоа ужасно ме нервираше. Знаеш дека нешто не е во ред, но ништо не можеш да направиш. 

... „Не би сакал да те плашам но изгледа дека имаш притисок некаде на левата страна од главата. Нешто притиска на кората од мозокот и ги предизвикува тие напади“, ми кажа докторот.

Се смрзнав. Мозок? Кора? Напади?

„Не се нервирај и не се плаши. Може и да не е ништо сериозно. Ќе пратам во Скопје кај пријател. Ќе направат ЕЕГ и ќе видиме како понатаму.“

... Добро. Потоа слушнав:Имаш некоја чудна округла форма со прилично широк дијаметар од околу 5,5 сантиметри. Се сомневам на тумор, но ќе биде најдобро да се испита уште еднаш.“
е
... Експлозија. Си го земав палтото и резултатите и тргнав кон вратата каде и да беше она. По скалите се движеше дух. Гледаш галама околу тебе, ама не слушаш ништо. Одиш некаде, но не знаеш каде.

Позитивниот човек беше удавен некаде длабоко. На позитивниот човек не му текнуваше ниту една шала. Да си ја каже сам и да се насмее без разлика шо шалата веќе ја има чуено. Надвор беше ужасно ладно. Не знам колку време сум одел без да го облечам палтото. Ги држев снимките во рака ама од лутина сум ги смачкал.

Во мозокот ми се вртеше само она како ќе им кажам на моите дома? Шо да им кажам? Како да извртам да не ги мрднам од памет? Немаше лесен начин. Не беше ова грип, па да го прележиш. Ова беше сериозно. Многу сериозно.

За прв пат во животот бев уплашен за сопствениот живот. У цела таа паника бев повеќе уплашен како тоа ќе го поднесат моите дома? Замисли јас имам тумор, а се плашам како тоа моите ќе го поднесат. Како бе да им кажам??? Како??

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg