Борче Стаменов „Донирај компјутер“ откри дека чека дете, 22 години по операцијата од тумор на мозокот

„Коа се запознавме за првпат во 2019 година, ја мислев дека она е препотентна скопјанка и ми идеше на нерви, ама сепак ја сликав. Она мислеше дека ја сум опнат, ужасно сум ја нервирал. После некако станавме другари“, вели Борче Стаменов за запознавањето со својата сопруга Оле, со која очекува ќерка.

borche-stamenov-doniraj-komjuter-otkri-deka-cheka-dete-22-godini-po-operacijata-od-tumor-na-mozokot-01.jpg

Борче Стаменов, човекот кој со својата хуманост и иницијативата „Донирај компјутер“ ја освои Македонија, на 3-ти март имаше ден за кој вели дека е негов втор роденден, односно ден на кој изминаа точно 22 години од неговата операција поради тумор на мозокот.

borche-stamenov-doniraj-komjuter-otkri-deka-cheka-dete-22-godini-po-operacijata-od-tumor-na-mozokot-02.jpg

Но, сега тој не само што се чувствува одлично туку и пронајде љубов со неговата Оле, а парот го чека и своето прво дете заедно.

Борче и Оле се во брак од мај 2025-та, а тогаш тој со фотографија од свадбата напиша:

„Дали е ова почеток на засекогаш?

Појма неам. Ама знам дека е продолжение на нешто преубаво. Нешто шо знам дека јас го барав цел живот.

Ова е почеток на сега, а јас ќе се потрудам да стане засекогаш“.

borche-stamenov-doniraj-komjuter-otkri-deka-cheka-dete-22-godini-po-operacijata-od-tumor-na-mozokot-03.jpg

Сега, Борче со фотографија од бебешко чорапче откри дека очекува наследничка.

Во описот тој напиша: „Тик так“.

borche-stamenov-doniraj-komjuter-otkri-deka-cheka-dete-22-godini-po-operacijata-od-tumor-na-mozokot-04.jpg

Инаку во јуни 2025-та Борче сподели фотографија од својата сопруга и откри како се запознале, а уште тогаш дискретно најави дека очекува принова:

„Коа се запознавме за првпат во 2019 година, ја мислев дека она е препотентна скопјанка и ми идеше на нерви ама сепак ја сликав. Она мислеше дека ја сум опнат, ужасно сум ја нервирал.

После некако станавме другари. И бевме другари долго време.

На една свирка, додека Bad-Ass-All ја свиреа The one i love од R.E.M и ние урлавме Fireeee, fireeeeeee, сконтавме дека можеме да бидеме и нешто повеќе од другари.

И еве сме, уште најдобри другари. И сеа чекаме да ни се придружи уште една другарка за да ја носиме по концерти и сите заедно да урламе Fireee, fireeeee“.

Прочитајте и Борче Стаменов за операцијата од тумор на мозокот пред 19 години: „Ме спаси цел тим доктори кои повеќе од 8 часа ми 'копаа' по главата“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава