Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


Бајковита свадба на пар од Македонија во Ватикан, со благослов од Папата Франциск – први на Балканот (фото)

Ива и Антонио велат дека католичката венчавка навистина е иста како и на филмовите, а најмагичен момент им бил кога татко ѝ на Ива ја донел до пред олтарот, каде што ја пречекал Антонио и ја преземал нејзината рака, па застанале за благослов и церемонијата започнала. Тие споделуваат детали од својата филмска венчавка за CRNOBELO.com…

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-01.jpg

Антонио од Скопје, по професија златар, ја запроси својата сакана Ива од Скопје на спектакуларно место на француските Алпи на популарното туристичко место „Aiguille du Midi“ на почетокот од годинава, а сега парот имаше бајковита свадба во Ватикан.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-12.jpeg

Ватикан е познат како Светиот град, и е најмалата независна држава на светот. Ватикан е седиште на папата, а сегашен папа на Ватикан е папата Франциск.

Токму папата Франциск даде благослов за бракот на Антонио и Ива и тие се првите Македонци, а, според нивните информации, и првиот пар од Балканот кој се венчал во Ватикан, со благослов од Папата Франциск.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-10.jpeg

Идејата за свадба токму таму, ја добиле за време на едно патување во Рим, кога уште биле во врска.

За CRNOBELO.com откриваат дека уште тогаш фрлиле паричка во познатата Фонтана Треви и си замислиле желба некогаш да имаат свадба во италијански дух и да се венчаат во базиликата Свети Петар во Ватикан.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-16.jpeg

Папската базилика „Свети Петар“ е соборна црква во Ватикан, посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот, кој може да собере и до 60.000 верници. Базиликата претставува „мајка-црква“ на Римокатоличката црква и се смета за едно од најсветите христијански места во светот.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-07.jpeg

Таму се одржуваат само настани од највисок ранг и токму затоа Ива и Антонио велат дека навистина се измачиле вадејќи ја целосната документација за нивната свадба да се одржи таму. Подготвувале документи, преведувале на италијански јазик и чекале одобрение, повеќе од два месеци.

На својот голем ден невестата се одлучи за венчаница од модното студио MCouture, а до олтарот ја испрати нејзиниот татко.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-11.jpeg

Антонио, кој потекнува од најстарата златарска фамилија во Македонија, со 500 години традиција, е католик, па за него навистина било чест и задоволство што им било одобрено да организираат свадба во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Свадбата била според посебен протокол и специјални мерки за безбедност, а парот, заедно со нивните гости, бил внесен од специјален ВИП влез, на страна од туристите.

bajkovita-svadba-na-par-od-makedonija-vo-vatikan-so-blagoslov-od-papata-francis-prvi-na-balkanot-foto-15.jpeg

Гости покрај од Македонија, имале и од Грција, Србија и САД.

На следната страна Ива и Антонио за CRNOBELO.com раскажуваат за својата свадбена бајка...



Би можело да ве интересира:

Пар од Пакистан ја посети Македонија: „Ќебапчиња во чаршија, пештерата Врело – уживавме во вашиот гл... Пар со потекло од Пакистан, кој живее во САД, ја посети Македонија. За CRNOBELO....
Бајковита забава по повод 3-ти роденден на девојче од Скопје - со тема „Прасето Пепа“ (фото+видео) Со шарени балони и колачиња со „Прасето Пепа“, малата модна инфлуенсерка Фрида г...
Бајковит 3-ти роденден во Крива Паланка со многу балони и модно усогласени мајка и син (фото) Роденденска забава со торта на два ката со диви животни и многу балони, но и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg