Искрена исповед на Марија од Скопје: „Зошто се вративме од Нов Зеланд во Македонија?“

Образованието небаре градинка. Домашна никако, книги нема, али супер ми е Мартин според наставничките. Ќе видиме колку е супер во септември кога ќе продолжи тука. Кутриот викаше леле колку сум назад математика моиве во Скопје далеку повеќе имаат научено јас од 4то не сум мрднал.

Здравството одлично доколку се работи за повреда или нешто тешко како рак, сè друго на приватно доколку не е голем проблем. Така гинеколог не видов нит другаркиве кои раѓаа.
Дерматолог на државно нема, а земја со најголема стапка на рак на кожа. Да се надоврзам од времето само сонцето ужасно ми сметаше. Забар - две коронки 14.000 долари, протеза за Мартин исто, а третирање на корен 2.500. Психијатар државно само ако јадеш живи луѓе по улица инаку како мене ни упат не прифаќаат. На приватно едно 10.000 долари годишно.

Немање ефикасен јавен превоз така што без две коли не е изводливо.

Хипотека уште 28 години значи ќе дочекам 70 без исплатена куќа, а по 65 државната пензија ни пола рата нема да ми покрие, а касно отидовме за да имаме доволно во приватните пензиски фондови.

Да беше поблиску и не на јужна хемисфера каде што кога тука е зима таму е летниот распуст од 6 недели никако не одговара посетување на Македонија, а башка едно 5.000 евра за авионски карти. Важно маж ми секоја вечер ме прашува кога пак ќе сме го шетале Амалфи коуст. Да беше НЗ каде што е Британија, не би се вратиле.

Да мрднеш било каде, ем изгор ем далеку. А бе шо Раротонга, Кук Острови 4 саати лет, не баре Скопје - Рекјевик. Ту и таму некоја промоција до тие острови, Фиџи миџи и Австралија и Хаваи. Бали 9 саати лет! А нели сè ќе видевме! НЗ го прошетавме супер.

Прекрасна природа, романтични гратчиња, неколку големи града - Аукланд, Велингтон, Kрајстчр, Дунедин и Хамилтон. Кафич, лежалки на плажа Азис, музика сам си носиш или од комшиите.

Скара, кампување, пецање риби, пловење и All Blanks и крикет национални спортови. Сајмон: ај бротче да купиме! Шо? Ја од Скопје ти од Њу Мексико! Од бротче - пластични играчки во Вардар мада не памтам, а ти по Рио Гранде пресушена поред твојот град. Нејсе не сме за тој спорт.

iskrena-ispoved-na-marija-od-skopje-zoshto-se-vrativme-od-nov-zeland-vo-makedonija-03.jpg

Расизам нема! Не се Кивите, аустралијанци, нит Маорите, Абориџини. 80ти/90ти голема кампања за оживување на Te Reo Maori! И сеа секој на чело со хипстерчињата те поздравуваат со Kia Ora си испрале раце за крадењето земја и убивањето на Маорите со тоа.

Чиста шминка пошо системски расизам колку сакаш. Сите живеат во јужен Аукланд заедно со пацифика луѓето од по островите кои аутоматски добиваат државјанство. Повеќето на бенефит и со многу деца до 10/11. Криминал цвета од немање доволно можност иако на папир демек све нудат али не иде! Хипотека, кредит за мал бизнис потешко. Епидемија на метамфетамин и синтетичка марихуана.

Се сметаат за социјална држава, но тек сега пројдоа закон за 10 дена годишно боловање мандатирано со закон, а пред тоа биле 5. Значи при тешка болест: 10 дена, денови од одмор и зависно од работодавецот, отказ или неплатено.

Локдауните за ковид потребни или не, маме ни е*аа психички едно 10 месеци најрестроктивните мерки во свет.

Документи имаме за цел живот така што можеме секогаш да се вратиме назад ако во тој момент тоа е најпаметно. А имаме и американски и ЕУ документи, не сме без избор.

Прекрасно искуство беше Нов Зеланд и не би го мењала за ништо во светот посебно прекрасните ми другарки - Хелена, Тања, Бубе, Александра Весна и Азра ве сакам неизмерно! И нивните партнери Игор, Сокол, Влатче, Весна нејќе дечко, Ненад! Јани, Стефи и Влатко - бев искарана од Јани и да срам ми е!“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg