„Бев на премиера на Кајмак во Македонска Филхармонија – настанот светски, а филмот доби стоечки овации“

Вчеравечер (16.11) Скопје беше во полн сјај на мапата на светски метрополи, затоа што се случи црвен тепих, се случи настан каков што нашиот град заслужува, се случи премиерата на „Кајмак“, нашето филмско остварување за кое светот веќе слушна, а за кое допрва ќе зборува, се случи уште едно врвно дело на Милчо Манчевски, уште една врвна изведба на актерската екипа на чело со неверојатно талентираната млада актерка Сара Климоска... Се наздравуваше со црвено вино, се говореше за бурата од емоции кои овој филм ги поттикна во секој од нас. Видни јавни личности, но и вљубеници во филмската уметност го наградија делото на нашиот, а светски режисер, со стоечки овации и громогласен аплауз.

bev-na-premiera-na-kajmak-vo-makedonska-filharmonija-nastanot-svetski-a-filmot-dobi-stoechki-ovacii-01.jpg

Вчеравечер (16.11) бев на премиерата на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Нашиот, а светски режисер само уште еднаш ме воодушеви со начинот на кој успеа да ми допре до душата, да ми направи бура од емоции, да ме трогне и насмее едновремено и да ме тера да размислувам долго, долго.

Филмот e врвен, ништо помалку од очекуваното, а настанот? Светски, сосема достоен за едно такво уметничко остварување.

Пред Македонската Филхармонија уште во 19:40 беа собрани сите вљубеници во филмската уметност, но и актери и соработници од проектот.

Сите блескаа во своите најдобри изданијa, еуфорични за фотографирањето на црвениот тепих, но и од самото тоа што се дел од настан кој го креира лицето на Скопје како метропола, но и настан кој ја става Македонија на светската мапа на успешни филмски остварувања и премиери од овој тип.

Видни политичари, уметници, јавни личности од сите сфери, новинари, вљубеници во филмот, сите во пријатна атмосфера чекаа во холот на Филхармонија, додека Милчо Манчевски ги испочитува апсолутно сите кои побараа од него изјава или едноставно поздрав.

Филмската премиера ја имаше дозата на гламур која ја заслужува, а по светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, актерите повторно добија стоечки овации и аплауз кој не сопираше.

bev-na-premiera-na-kajmak-vo-makedonska-filharmonija-nastanot-svetski-a-filmot-dobi-stoechki-ovacii-08.jpg

Филмот, окарактеризиран како мрсна сатира, нè носеше од крајност во крајност, од ежење и емпатија за болката - до смеење на глас. Ни ја покажа моќта на изборите и на малите, но големи, одлуки кои ги носиме секојдневно.

Сара Климоска како и секогаш го потврди статусот на наша најблескава млада актерка, која со улогата на Доста, девојка со пречки во развојот, покажа дека не постои лик што не може да го одглуми и долови.

Александар Миќиќ пак, повторно во врвно издание со улога која дефинитивно ќе ве натера да се запрашате дали ако премногу сакате да сркате од кајмакот, на крај лошо ќе завршите.

И Филип Трајковиќ и Камка Тоциновски и Ана Стојановска и Симона Спировска и Петар Мирчевски целата актерска екипа одиграа врвни улоги на беспрекорен начин.

Македонската реалност, повторно директно, но и индиректно преку навидум обични невини кадри, Милчо успеа комплетно да ни ја долови.

Беа опфатени и суровата класна поделба на многу богати vs. многу сиромашни, градежната мафија која безмилосно го сече зеленилото и гради неплански на секое ќоше, пропаднатите бизниси и дуќаните кои празни „зјаат“ со написи „се издава“, бесчувствителното газење на моќните врз оние „под нив“.

bev-na-premiera-na-kajmak-vo-makedonska-filharmonija-nastanot-svetski-a-filmot-dobi-stoechki-ovacii-02.jpg

Јас би рекла дека повторно овој врвен режисер беше нашата рефлексија во огледалото, односно на сурово реален начин го прикажа нашето секојдневие.

Навистина постојано гледам обесправени лица кои не можат да добијат основни услови за живот и гледам населби без слободно место на тротоарите за да се помине и Милчо го сметам за записничар на нашето време.

И филмот ме трогна, но и ме насмеа до солзи - и тоа во повеќе од една пригода целата сала се смееше на глас. Тоа е неговата моќ, да допре до нас, до нашата душа.

И се ежев и гледав на моменти подзината и си велев како е можно ваква бура од емоции да поттикне филмот во мене и при завршувањето ми остави мал милион прашања во главата. И знам дека нема да го заборавам. Ова е филм кој ме натера да се запрашувам и преиспитувам за суштински работи.

И ролеркостерот од емоции, на кој се „извозевме“ сите присутни во салата, потоа беше залиен со чаша квалитетно црвено вино и неформални разговори на коктелот по завршувањето на филмот, каде сите ги споделуваа своите гледишта за филмот.

bev-na-premiera-na-kajmak-vo-makedonska-filharmonija-nastanot-svetski-a-filmot-dobi-stoechki-ovacii-05.jpg

Актерите се дружеа со присутните, дозата на формалност и елеганција не изостана, а луѓето едноставно беа убави и за гледање и за слушање.

На сите како да ни беше убаво на душата што Македонија го има Милчо, што ја има Сара, Александар, Филип, Камка, Ана и сите останати делови од мозаикот наречен „Кајмак“.

„Кајмак“ е филм што ќе поттикне дебата и тоа не само кај нашата генерација, туку и кај генерациите кои допрва доаѓаат. Моќен запис за времето кое го живееме.

Мора да го погледнете „Кајмак“, топло ви препорачувам...

Кајмак“ ќе игра во цела Македонија од денес (17.11).

bev-na-premiera-na-kajmak-vo-makedonska-filharmonija-nastanot-svetski-a-filmot-dobi-stoechki-ovacii-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...
Даниел Кајмакоски позира со бурмата во прв план и се топи покрај синчето „Копија на тато“, „Фаца ти скинал“ се дел од коментарите за малиот Стефан, кој е...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Тура на убавина низ Македонија: Светлана Црнокрак - гостиварка, Јелена Јованова - штипјанка Каролина Гочева е од Битола, Снеже Велков од Македонска Каменица, а манекенката ...
Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фа... Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја д...
Првата македонска пилотка во Wizz Air елегантна на гала забава во Будимпешта - Униформата ја замени ... Во асиметричен фустан со гол грб, во комбинација со црни салонки, Ива изгледаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg