„Близнаци, колку си одговарате“ - Јелена Спенџарска вљубена на новата фотка со дечкото од Грција

„И јас имам слушнато дека кога мажот и жената се физички доста компатибилни, се родени еден за друг. Нема да ви се верува колку вакви пораки добивам и мнооогу сум среќна“, вели Јелена Спенџарска на коментарите дека многу си личат со дечкото од Грција.

mnogu-sum-srekjna-jelena-spendjarska-so-dechkoto-uzhiva-vo-skopje-po-prestojot-vo-solun-01.jpg

Јелена Спенџарска периодов постојано е на релација Скопје – Солун, откако се вљуби во дечко од Грција.

mnogu-sum-srekjna-jelena-spendjarska-so-dechkoto-uzhiva-vo-skopje-po-prestojot-vo-solun-03.jpg

Таа постојано споделува детали од нивните заеднички мигови, па покрај празничните моменти и сончевите прошетки во Солун, парот дел од времето минува и во Скопје.

mnogu-sum-srekjna-jelena-spendjarska-so-dechkoto-uzhiva-vo-skopje-po-prestojot-vo-solun-04.jpgФотка од Солун

На фотографија на Инстаграм Стори каде Јелена и саканиот позираат заедно, таа откри дека добила низа коментари колку многу си личат и дека изгледаат како да се сродни души.

Дел од коментарите се: „Колку си одговарате“, „Близнаци“, „Како е можно толку да сте исти“...

Фотографијата за која ги доби коментарите:

mnogu-sum-srekjna-jelena-spendjarska-so-dechkoto-uzhiva-vo-skopje-po-prestojot-vo-solun-05.jpg

На коментарите Јелена вели:

„И јас имам слушнато од времето дека кога мажот и жената се физички доста компатибилни, се родени еден за друг. Нема да ви се верува колку вакви пораки добивам и мнооогу сум среќна.“

mnogu-sum-srekjna-jelena-spendjarska-so-dechkoto-uzhiva-vo-skopje-po-prestojot-vo-solun-02.jpg

Вљубената Јелена на почетокот од годината сподели и објава со која сака да ги мотивира сите да живеат најдобар живот што е можно.

Нејзината објава на прагот од 2023-та, а посветена на 2022 гласи:

„Многу е интересно како со тек на време луѓето стануваат роботи. Одиш на работа, се враќаш дома, нешто правиш ако стигнеш, легнуваш да спиеш. Па, се прашуваш, на што се сведува твојот живот и зашто немаш доволно храброст да ги промениш работите, зашто е најлесно да седиме по кафиња, да зборуваме колку ништо не функционира и си тераме пак по старо?

Некаде прочитав , доколку заглавите во досаден и несреќен живот само затоа што сте ја слушале мајка ви, татко ви, учителите, пријателите или некој лик од телевизија, тогаш го ЗАСЛУЖУВАТЕ!

Промената не е секогаш пријатна, но ќе ве однесе на магични места доколку почнете да верувате повеќе во себе и престанете да се гледате преку очите на другите луѓе. Ова, лично мене ми беше најтешкиот предизвик оваа година. И конечно СФАТИВ дека луѓето кои живеат во тегла мислат дека капачето е небо.

Не им давајте значење на стравовите и ќе видите колку лесно ќе ги победите. Се ова што го живеам денес е слика на мојата верба.

Сè што посакав - добив!

И реално, имав една од најдобрите години во мојот живот. Година на сериозни промени, години на сериозни манифестации, конечно почнав да ги берам плодовите од семето кое го сеев во минатите... и некако сè си дојде едно по друго... и сè си се намести толку добро...

Едноставно сум возбудена за секој нов ден и за сè што ќе се случи во следните 365 дена.

Јас често ви кажувам дека НЕ е НЕВОЗМОЖНО да имате живот каков што само си замислувате и се надевам дека конечно ќе го сфатите тоа.

Небитно од каде доаѓате, како живеете, што работите, што и колку имате... можете сè!

Ви посакувам од срце една наааајсреќна година досега.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...

Најчитани неделава