„На никој од нас не му се совршени сите денови… Позади сцената има и многу други моменти кои не се толку забавни за споделување, но тука се случуваат - секогаш и на сите“, споделува Ангела Костовска од Скопје.
„Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè замолија да им испееме некоја македонска песна и еве го резултатот - ние им го разубавевме денот, но и тие нам“, велат Андреј и Панчо.
„Планирам да останам во Македонија околу 2 години. Животот во Непал е добар, но и тежок за живеење на моменти. Природата ни е неверојатна и земјата е рај за планинари“, вели Нима Шерпа (27) од Непал за CRNOBELO.com.
„Едното бебе во раце го дојам, другото вреска и плаче… истовремено радост и тага, среќа, спокој и немир. Сакав да можам истовремено да бидам тука за двајцата, ме растажуваше моментот што не беше возможно 100% да се дадам“, вели Елена Трпчевска од Скопје која има две деца, едно на возраст од 2 години, а друго - 5 месеци.
„Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој друг, дали сум лајкнала, ми чита разговори, што да ти кажам...“ - вели Јелена во виралното видео, чија цел е да ги едуцира жените во токсични и насилни врски дека не се сами и имаат каде да се обратат за помош.
„Нашата приказна започна многу неочекувано, но веднаш знаевме дека сме родени еден за друг“, вели Маринела Васевска, внатрешен архитект, која со саканиот Борче Соколов живее во Швајцарија. Тој ја запроси по само неколку месеци врска.
„Внимавајте на вашите миленици кои имаат навика да јадат невообичаени работи“, предупредуваат од еден ветеринарен центар во Скопје.
„Три дена дома исполнети со љубов, бакнежи, тепачки и плачки“, напиша Христина Пан, која иако претходно се бореше со неплодноста, забремени по природен пат и нејзините близначки добија сестричка.
Популарниот музичар Иван Јованов и неговата сопруга ја одведоа ќеркичката Ниа на нејзиното прво зимување.
Бетика, облечена во црно монокини, кршеше замрзнато езерце среде планина и влезе во ледената вода. Во една пригода Бетика за CRNOBELO.com сподели како почнала со оваа практика: „На 18 години ме прегази автомобил, животот ми беше уништен...“
Четири месеци по раѓањето на ќерката, нашиот музичар и неговата сопруга Наташа, ѝ направија крштевка на Кирјана.
„Оваа година имаше над 5.000 апликации од наставници од 89 земји од целиот свет, а нив ги разгледуваат 90 еминентни судии, стручни лица во многу полиња. Победникот ќе добие 1 милион долари“, вели наставникот Иле Михајловски за CRNOBELO.com.
Елена Најдоски со сопругот холивудски гламурозна на свадба, Нина Јанева го покажа лицето на ќеркичката, Аделина Тахири во Christian Dior со сопругот на зимување, a Tања Кочовска го прослави 58-иот роденден и објави хит фотка.
„За сè што нè научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир… два живота да живееме не можеме да ти се одолжиме, иако никогаш не го бараше тоа од нас“, напиша Лила во емотивната роденденска порака до мајка ѝ.
Актерот и шоумен Игор Џамбазов со емотивна порака ја одбележа тригодишнината од смртта на својот татко, маестро Александар Џамбазов.
„Сакав да биде нешто поразлично, но имавме интересна, а и по малку стресна ситуација, кога дронот малку заглави меѓу гранките на дрвјата и срцето на момент ми запре, но сè заврши прекрасно“ - раскажува Филип (25) од Скопје, кој ја запроси саканата Моника (21), пред „Св. Јован Канео“, на 5-годишнината од врската.
За Тоше семејството беше светост. Тој ги обожаваше и не пропушташе можност да ги спомене неговите најблиски, а слаба точка му беше внукот Кристијан.
„Омилена техника ми е сликање со кафе, затоа што е несекојдневна. Треба напорна работа за да се стигне до посакуваната цел“, вели Стефани Стојаноска Наумческа (28) од Гостивар.