„Се потрудив да снимам повеќе од храната што ја пробавме за да можам да ви пуштам едно инфо за тоа како стојат цените сезонава. Охрид за мене е едно од најпрекрасните места во Македонија и многу многу пошироко, а за цените оставам на вас и вашето мислење“, напиша македонска блогерка за храна и објави видео на Инстаграм.
„Се познаваме 12 години, учевме заедно во средното медицинско училиште и студиравме на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во врска сме 4 години, пред тоа бевме добри другари“, открива за CRNOBELO.com Григор Манев (28), стоматолог од Скопје, за запросувањето на својата сакана.
„Не можам да кажам дека ми е сеедно, небото беше многу мрачно. Еве веќе три дена како сме на Тасос, цело време проверувам нови вести во однос на пожарите, каде ги има и каква е состојбата. Вчера имаше и пепел низ воздухот, но мештаните велат дека нема простор за паника“, вели Стефанија Кржеска (24) од Прилеп за CRNOBELO.com.
Некогашниот пејач, а сегашен угостител, не пропушта пригода да истакне колку е близок со најважната жена во неговиот живот. Сега, на нејзината роденденска прослава му се придружи и брат му Дритон Гаџа, познат виолинист. Адријан некогаш во описот на фотките знае да напише: „Мојата супер мајка“.
„Бравоо, среќен роденден мамо! Што сте убави...“, вели Слаткар во роденденското видео за неговата сакана Сања. Малиот Моша и овојпат е главен со дувањето на свеќичките.
„Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дознавањето на полот да биде нешто на кое тој ќе се радува и ќе го памети долго време. Среќата кога ги виде розовите балони и конфети беше огромна. На сите гордо му раскажуваше за неговата дада која доаѓа наскоро“, раскажува за CRNOBELO.com Ивана (26), која живее во Краун Поинт во Индијана.
Во бел фустан со саканиот на плажа и со нивниот миленик, Никица Ацева откри: „Среќни сме да ви најавиме дека нашето семејство ќе стане поголемо за уште две стапалца“.
„Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител во Капиштец. Нè венча отец Михаил, кој е мој духовен водич. Беше многу убаво, емотивно“, вели за CRNOBELO.com водителот Миро Кацаров.
И додека Стефан ужива со својата сакана Тинеа во Венеција, неговиот брат близнак Мартин се пожали на повреда: „Толку од тенисот за ова лето, се враќаме за месец дена“.
Актерката Јелена Жугиќ ги повика нејзините Фејсбук пријатели да донираат за Леонид Индов, пријател на син ѝ од градинка, а кој неодамна се повреди додека беше на летување во Калитеа. За неговото лекување во Грција се потребни 200.000 евра.
Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 360... Се разбира, не секаде, туку во еден конкретен локал од чие мени фотографијата се споделува вирално. Претерано или соодветно за нашиот најголем бисер?
Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко Ковачевиќ, кој често споделува фотографии со Тамара, Тијана и нивните деца на Инстаграм.
„Болницата не ја менувам за ништо. Максимално посветени од самиот старт. Ги имав најдобриот доктор и најдобрите сестри“, вели Антониа Гиговска, која одговараше на прашања за мајчинството и синот Киан.
Од понеделник, 21 август 2023 година во трговскиот центар Ист Гејт Мол ќе се воведе валидирање на билети за користење на паркингот. Бесплатниот паркинг беше токму една од предностите на Ист Гејт Мол бидејќи им овозможуваше на граѓаните без дополнителни трошоци да го посетат овој трговски центар, за разлика од останатите, каде паркингот се наплаќа.
Снежана Лупевска со сопругот го испрати синот во второ одделение, Ирина Дишовска без грам шминка со синчето дома, Андријана Јаневска нè направи горди... „Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!“, напиша таа.
„Тоа што 24 часа сме надвор на убав воздух покрај вода има бројни придобивки за сите. Уживаме во сите активности со децата, а посебно сме среќни кога гледаме колку се тие среќни на камп и колку уживаат во сè што се случува тука“, раскажа за CRNOBELO.com водителката Цеце Тодосовска.
„Замина нашиот колега Владимир Ендровски, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран. На сцената на МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која тој ја исполнуваше со својот карактеристичен излив на емоции“.
„Не ми треба ништо друго во животот од тоа кога ќе ме нема моите деца да се чувствуваат толку горди на мене како јас сега на тебе, иако те нема веќе 25 години. Најчовек еден“, напиша актерката Јана Стојановска и сподели емотивно видео за својот починат татко, Ненад Стојановски.