Македонска блогерка објави какви се цените во Охрид и предизвика бурни реакции - пица на плажа е 350 денари, бургер - 500

„Се потрудив да снимам повеќе од храната што ја пробавме за да можам да ви пуштам едно инфо за тоа како стојат цените сезонава. Охрид за мене е едно од најпрекрасните места во Македонија и многу, многу пошироко, а за цените оставам на вас и вашето мислење“, напиша македонската блогерка за храна Симона Лазарева и објави видео на Инстаграм.

pica-na-plazha-350-denari-burger-500-gjomleze-60-makedonska-blogerka-za-hrana-objavi-video-so-ceni-vo-ohrid-i-predizvika-burni-reakcii-01.jpg

Македонската блогерка за храна, Симона Лазарева, на својот профил на Инстаграм објави видео во кое покажа што јадела и пиела додека била на летување во Охрид и какви се цените оваа сезона.

„Во Охрид се потрудив да снимам повеќе од храната што ја пробавме за да можам да ви пуштам едно вакво инфо за тоа како стојат цените сезонава.

Охрид е слика, разгледница во живо и за мене едно од најпрекрасните места во Македонија и многу, многу пошироко, а за цените оставам на вас и вашето мислење.

Дали годинава веќе го посетивте или сте во план?“, пишува таа.

pica-na-plazha-350-denari-burger-500-gjomleze-60-makedonska-blogerka-za-hrana-objavi-video-so-ceni-vo-ohrid-i-predizvika-burni-reakcii-02.jpg

Симона во видеото покажа дека парче ѓомлезе ја чинело 60 денари, помфрит платила 200 денари, пица на плажа 350 денари, бургер од телешко 500 денари, а паста карбонара 450 денари.

Нес кафето ја чинело 150 денари, а бело вино 300 денари.

Таа открива и дека платила 400 денари за свински котлет со ребро во ресторан, 250 денари за салата, 40 денари дала за ѓеврек, а 140 денари за мали крофнички.

На крајот прашува: „Што мислите вие, дали ви се цените океј за Охрид?“

pica-na-plazha-350-denari-burger-500-gjomleze-60-makedonska-blogerka-za-hrana-objavi-video-so-ceni-vo-ohrid-i-predizvika-burni-reakcii-03.jpg

Оваа објава предизвика различни реакции.

Едни напишаа дека во Дојран цените се многу поевтини, но и дека има места во Охрид кои се со многу попристапни цени зависно од локацијата и погледот што го нуди локалот.

„Охрид е за странски туристи. Не нуди само плажа, туку и богата историја која вреди да се посети“, пишуваа други.

А во коментарите имаше такви кои ја нападнаа.

„Не знам што ви е поентата да одите и да ги објавувате цените. Ако немате кеш, седете дома и јадете паштета. Мизерија сте“, стои во коментарите.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Параглајдер падна на шеталиште во Охрид – удри во улична светилка, дете и повозрасен пар „за влакно“... На видео споделено на Јутјуб каналот на Ohrid1.com се гледа како параглајдер, ко...

Најчитани неделава