Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовме во кафеана во Свети Николе“

„Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител во Капиштец. Нè венча отец Михаил, кој е мој духовен водич. Беше многу убаво, емотивно“, вели за CRNOBELO.com водителот Миро Кацаров.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-01.jpg

Водителот Миро Кацаров на 19 август ја направи првата од двете свадби со својата сакана Ивана.

Тие се венчаа во матично, а потоа имаа и црковна венчавка, која заврши со голема прослава во кафеана во Свети Николе.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-02.jpg

Првата од двете свадби била за семејството, а Миро за CRNOBELO.com вели дека се пеело и играло цела вечер и дека сè уште ги средува впечатоците од нивниот специјален ден.

„Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител во Капиштец.

Нè венча отец Михаил, кој е мој духовен водич. Беше многу убаво, емотивно.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-03.jpg

Ивана со мотоцикл ја однесов од дома до црквата и моја желба беше да се фотографираме со мотоциклот.

Матично правевме во Скопје, еден ден пред венчавката и свадбата.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-06.jpg

Јас носев костум од познат македонски бренд, а Ивана носеше бел фустан од Mango каков што пред еден месец носеше Северина на настап во Битола.

Интересно беше што двете се појавија во исти фустани.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-07.jpg

Од црква продолживме во Свети Николе и ја направивме првата од нашите две свадби.

Оваа свадба беше за роднините и семејството.

Имавме 70 гости и си поминавме феноменално. Сите игравме и уште сме воодушевени каква позитивна атмосфера имаше во ресторанот.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-04.jpg

Свадбата беше навистина и интересна и креативна, но сега полека ќе се подготвуваме за 17 септември, кога ќе ја правиме втората свадба.

Таа ќе биде во Штип, ќе има околу 400 гости, ќе пеат најдобрите македонски пејачи, ќе има црвен тепих, а меѓу гостите ќе бидат и многу музичари, политичари, спортисти, инфлуенсери, адвокати, обвинители.

miro-kacarov-ja-napravi-prvata-od-dvete-svadbi-ivana-noseshe-fustan-kako-severina-od-crkva-otidovme-vo-kafeana-vo-sveti-nikole-05.jpg

Прочитајте и Миро Кацаров открива детали за свадбата за CRNOBELO.com: „Ќе собираме донации за дечиња од ранливи категории, ќе биде журка на деценијата“

А. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров се венча со саканата Ивана, интимна церемонија во црква и матично На венчавката во црква Ивана носеше бел фустан со една прерамка, додека Миро изб...
Миро Кацаров открива детали за свадбата за CRNOBELO.com: „Ќе собираме донации за дечиња од ранливи ... „Идејата за поканата, на која е нагласено дека ќе собираме донации, ни дојде слу...
Миро Кацаров и Ивана елегантни на свадбата во Штип - први фотки од венчавката на водителот и неговат... На свадбата Миро носи црно-бела комбинација: бело палто со црни детали, црни пан...
Миро Кацаров во прегратка со вереницата на плажа, Елена Најдоски на крстарење по Јадран - Што прават... Димитар Андоновски ја пречека Цеца во Битола, младиот музичар Јанг Дади ужива во...
„Три Круши“ - локалитет во близина на Скопје кој мора да го посетите Тука ќе се релаксирате, ќе уживате во погледот на целиот град а воедно и во миро...
Мирослав ја запроси саканата Викторија во Валенсија, во ресторан со огромен аквариум и нуркачи (виде... „Планот и реализацијата траеја околу 2 месеци. Другарите од Полска ми помогнаа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg