Миро Кацаров и сопругата Ивана ќе добијат син - направија голема забава за откривање на полот на бебето

„Денот ми помина во исчекување исто како кога ја правевме свадбата. Инаку, јас цело време мислев дека ќе е машко, а Ивана дека ќе е девојче. И Миа велеше дека сака да биде постара сестричка на девојче“, ни откри Мирo, кој е среќен што на есен ќе стане татко на машко дете.

miro-kacarov-i-soprugata-ivana-kje-dobijat-sin-napravija-golema-zabava-za-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-01.jpg

Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана вечерва направија голема забава за откривање на полот на бебето и дознаа дека ќе имаат машко дете.

Миро фрлаше фудбалска топка, а нивните пријатели прскаа со спреј, кој беше во сина боја и со тоа открија дека ќе добијат син.

До денес тие беа во исчекување на веста дали ќе имаат син или ќерка, а пликот со резултатите за полот на бебето, како што кажа водителот за CRNOBELO.com, ги имал нивниот кум.

miro-kacarov-i-soprugata-ivana-kje-dobijat-sin-napravija-golema-zabava-za-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-03.jpg

Токму кумот и ја организирал целата забава, на која присуствуваа најважните луѓе од животот на Ивана и Миро, а за заедно со нив да го дознаат полот на бебето, неколку месеци пред неговото раѓање.

„Многу бев возбуден, денот ми помина во исчекување, како на пример кога ја правевме свадбата и очекувавме нешто големо.

Инаку, јас цело време мислев дека ќе е машко, а Ивана дека ќе е девојче. И Миа сака да биде постара сестричка на девојче.

miro-kacarov-i-soprugata-ivana-kje-dobijat-sin-napravija-golema-zabava-za-otkrivanje-na-polot-na-bebeto-05.jpg

Имаме веќе име и за машко и за женско дете, размислувавме и за тоа, но за сега нема да го откриваме.

А самата забава за откривање на полот беше многу убава, дојде фамилијата, навистина беше многу возбудливо.

Едвај чекам нашето семејство да стане поголемо за уште еден член“, ни кажа Миро.

Прочитајте и Миро Кацаров ќе стане татко, сопругата Ивана бремена со нивното прво дете: „3 години пробувавме да станеме родители“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Миа Костова: „Не се сликам цела на плажа - имам и целулит и стрии, далеку сум од згодна, но задоволн... „Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата нес...

Најчитани неделава