Миро Кацаров и сопругата со трудничка фотосесија еден месец пред раѓањето на синот - малата Миа ѕвезда на фотките
- Детали
- петок, 24 октомври 2025
„Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“ - напиша Миро на Инстаграм, на фотките каде што сопругата блеска пред породувањето, а тој делува неизмерно среќен.

Водителот Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана го очекуваат своето прво заедничко дете, синот Тадеј, кој треба да се роди во ноември.
Неполн месец пред неговото раѓање, двајцата сопружници направија фотосесија, а фотките ги споделија на Инстаграм.

Ивана, иако во поодмината бременост, блеска покрај Миро, кој, пак е неизмерно среќен што наскоро ќе стане татко.
„Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“ - напиша тој во објавата на Инстаграм.
Сепак, вистинска ѕвезда на фотосесијата е малата Миа (6), ќерката на Ивана од првиот брак, а која Миро ја обожава и за која често знае да каже дека е како негово дете.
Таа позира покрај Миро и Ивана, си игра со нив, го бакнува стомакот на мајка си.

Во разговор за CRNOBELO.com, Миро неодамна откри дека таа едвај чека да се роди бебето, постојано прашува како е и каде, но и дека си го вика „Тадејчо“.
Погледнете повеќе фотографии:






Прочитајте и Миро Кацаров ја обожава ќерката на сопругата од првиот брак: „Ја запознав Миа на 2 години - денес сме неразделни“
А. Ј. | Црнобело