Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои?

Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не му е биолошко дете, ја вика ќерка. Кои други познати личности од кај нас и регионот ги прифатија децата на партнерите како свои?

miro-kacarov-lepa-brena-koi-poznati-lichnosti-gi-prifatija-decata-na-partnerite-kako-svoi-01_copy_copy.jpg

Многумина за Филип Живојиновиќ, синот на Боба Живојиновиќ од првиот брак, сметаат дека е дете на Лепа Брена.

Причината за ова е што пејачката синот на својот сопруг го прифати како свое дете и не прави разлика меѓу него и своите два биолошки сина, Стефан и Виктор.

Но, Брена не е единствената позната личност од регионот која е премногу блиска со децата од претходниот брак на својот сегашен партнер.

Кои познати личности од Македонија и регионот ги прифатиле децата на партнерите како свои?

Миро Кацаров

Познатиот водител е во брак со поранешната одбојкарка Ивана, а со која го очекува своето прво дете.

Но, Ивана зад себе има еден брак, во кој ја роди ќерката Миа.

Миро ја обожава малата Миа, а и таа него.

Водителот често споделува фотки со девојчето и вели дека таа е неговата душа и срце, а објавува и видеа од тоа како го поминуваат времето заедно и се забавуваат.

miro-kacarov-lepa-brena-koi-poznati-lichnosti-gi-prifatija-decata-na-partnerite-kako-svoi-04.jpg

Зорица Николовска

Зорица Николовска, која ја води емисијата „ТикТак и Зорка“ на Македонско Радио 2, има две деца од бракот со сопругот Горан.

Таа пред неполна година ја роди ќеркичката Јана, а претходно и синот Мартин.

Но, кога се омажи со Горан, таа стана маќеа на Иван, син на Горан од неговиот прв брак.

Радио водителката често вели дека има 3 деца, не две и дека Иван е како нејзино дете.

Зорка често објавува семејни фотки од одмори, прослави и слично, а на кои се сите петмина, што е уште една потврда за нивната блискост.  

miro-kacarov-lepa-brena-koi-poznati-lichnosti-gi-prifatija-decata-na-partnerite-kako-svoi-02.jpg

Саша Ковачевиќ

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, долги години е во љубовна врска со Зорана Тасовац, која од првиот брак ја има ќерката Искра.

Саша не крие колку многу го сака девојчето, до толку што во една прилика изјави дека иако не е негова, сепак ја нарекува ќерка.

„И кога ќе имам биолошки деца, Искра ќе биде моето прво дете“ - кажа тој.

miro-kacarov-lepa-brena-koi-poznati-lichnosti-gi-prifatija-decata-na-partnerite-kako-svoi-03.jpg

Лепа Брена

Балканската дива Лепа Брена ги има синовите Стефан и Виктор од бракот со Боба Живојиновиќ, но и посинокот Филип, кој е дете на Боба од првиот брак.

Брена и Филип се исклучително блиски, а тој се јавува и како автор на неколку нејзини песни, па близината не е само приватна, туку и професионална.

miro-kacarov-lepa-brena-koi-poznati-lichnosti-gi-prifatija-decata-na-partnerite-kako-svoi-06.jpg

Саша Поповиќ

Починатиот музичар и прв човек на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, во бракот со Сузана Јовановиќ ја доби ќерката Александра.

Саша беше втор сопруг на Сузана, која од првиот, краток брак, го има синот Даниел.

Во една пригода таа кажа дека Даниел немал многу среќно детство, бидејќи неговиот биолошки татко не се интересирал за него.

Но, кога во нивниот живот влегол Саша, тој на момчето му ја дал целата татковска љубов и се грижел за Даниел како да е негови биолошко дете.

miro-kacarov-lepa-brena-koi-poznati-lichnosti-gi-prifatija-decata-na-partnerite-kako-svoi-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg