Туна (38) на летувањето во Бодрум покажа дека е во топ-форма, облечена во мини здолниште со шлиц до колк и кроп-топ, а под градите се гледаше нејзината тетоважа - порака испишана со арапски букви.
Нашата пејачка Каролина Гочева ова лето го искористи да замине на одмор во Хрватска заедно со нејзината сестра, со мајка ѝ и со двете внуки, а ги посетија Сплит и Трогир.
Вечерта помеѓу 12-ти и 13-ти август се очекува да можат да се видат и по 100 метеори во еден час. Тоа би била идеална причина да заминете некаде во планина и да уживате во глетката на небото.
„Во моментот кога мојот син Давуд лежеше на мојот образ и силно плачеше веќе ништо не ми беше важно, само тој да е добро. Неверојатно е како по пораѓајот целосно ми се промени перцепцијата за женското тело. Сфатив како доењето е најчистото нешто што една жена може да го доживее, но од друга страна недоволно се разговара на оваа тема и колку целото искуство може да биде стресно...“, гласи дел од искрената објава на Даниела Ѓуровска.
Бодибилдерот Тоше Зафиров со сопругата се најфит пар на плажа на одмор во Египет, Елена Ристеска изгледа неверојатно младешки, а Антониа Гиговска објави фотографија со синот, а потоа се огласи на Инстаграм: „Ги замолувам сите портали без лажни изјави. Роберт е прекрасен сопруг и татко. Нема потреба да се измислуваат приказни произлезени од мои сториња“.
„Депресијата е сериозна ментална болест што треба се третира и лекува од страна на стручно лице. Минаа четири години откако јас побарав помош и ја победив депресијата. Оттогаш, сѐ е различно“, гласи дел од виралниот статус на писателката Ксенија Николова.
„Ова е држава со најмногу планини на светот. Можеби си помисливте на Швајцарија? Сепак не, се работи за Македонија“, се вели во видео-прилогот на TRT Balkan, а во кој се споделени уште неколку занимливости за нашата земја.
Во август 2023 ќе се случи редок астрономски феномен - две супермесечини во еден месец. Сите кои уживаат во погледот кон небото и ѕвездите, имаа можност да ја „уловат“ првата супермесечина која го осветли небото ширум светот.
„Можеш да купиш вештачки трепки, кукле, скапи некои, свилени... Врз нив да ставиш некои скапи и модерни сенки и шминки... Но тоа нема да ти ги направи очите убави. Убавината на очите доаѓа однатре, кукле. Од срце полно со убави нешта...“, гласи дел од виралната објава на македонскиот писател.
Стендап комичарот Бојан Велевски постојано објавува видеа со забавна содржина - секојдневни случки раскажани со доза сарказам, кои никого не оставаат рамнодушен.
„Овие фотографии не се инстаграмџиски затоа што реалноста ни е далеку поубава од Инстаграм. Понекогаш си мислам, види нè до каде стигнавме за толку кратко време, а потоа - ова е само почетокот“, напиша Јелена Спенџарска на фотографиите од летувањето со саканиот Лукас.
„Денес ќе наполнеше 81 година. И сигурно ќе ми купеше подарок. За нејзиниот роденден“ – напиша Игор Џамбазов во дел од објавата по повод роденденот на неговата мајка Анче Џамбазова.
„Креацијата на Талија е направена специјално за неа. Нејзиниот стилист дошол до моите креации и до моето име, па тој ме контактираше за соработка. Ми кажа дека креацијата мора да биде инспирирана од парчиња што таа веќе ги носела, а јас им испратив три скици“ вели дизајнерот Златко Јовановски за CRNOBELO.com.
„Среќен роденден на мојата сестра близначка Александра Василева. Те сакам...“, напиша стилистот Александар Билјановски – Дадар и објави фотки со сестра си од сега, но и од детството.
„Копија на тато“, „Фаца ти скинал“ се дел од коментарите за малиот Стефан, кој е најголемата радост на Даниел Кајмакоски периодов. Пејачот објави нови фотки со синот и сопругата...
Постојат три периоди во годината кога Матка е омиленото место на скопјани – за 1 мај, 2 август и на лето кога температурата ќе се приближи на 40 степени, па во градот не се дише. Токму тогаш го менуваат жешкиот асфалт со пријатниот воздух на кањонот.
Боса, во розов фустан со тул, Лила трчаше низ улиците на Виена и почувствува како е да се биде вистински модел...
Со неколку интересни фотографии од плажа, фотки од нејзините синови кои си играат во песокот и од прошетките низ градот, Ребека покажа како се забавуваат на семејниот одмор.