Јелена Спенџарска на плажа во Грција во прегратка на саканиот, опуштена и без шминка: „Јас и човекот кој ме учи да летам“

„Овие фотографии не се инстаграмџиски затоа што реалноста ни е далеку поубава од Инстаграм. Понекогаш си мислам, види нè до каде стигнавме за толку кратко време, а потоа - ова е само почетокот“, напиша Јелена Спенџарска на фотографиите од летувањето со саканиот Лукас. 

jelena-spendjarska-na-plazha-vo-grcija-vo-pregratka-na-sakaniot-ednostavna-i-bez-shminka-jas-chovekot-koj-me-uchi-da-letam-01.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска со саканиот Лукас е на летување во Неа Мармарис, Грција. Оттаму Спенџарска сподели неколку фотографии.

Таа вели дека фотките не се направени како за на Инстаграм, за собирање лајкови, туку ја покажуваат реалноста на нејзината врска со Лукас.

Додека лежи на градите на Лукас, опуштена и без шминка, Јелена со своите следбеници сподели дел од своите љубовни чувства.

„Не секој момент од твојот живот е момент за споделување. Многу од нив, обично најубавите, се создадени само за твои очи, кога најчесто и забораваш каде ти е телефонот.

Обично, луѓето очекуваат еден тон фотографии од патувања, каде си точно, со кого, што е тоа што го носиш/јадеш/пиеш, колку чини, но, не отпатував тука за да создавам.
Дојдов да уживам.

Нула очекувања освен да уживам, едноставен живот на максимум, да заборавам кој ден е и само да постојам.

Овие фотографии не се инстаграмџиски зашто реалноста ни е далеку поубава од Инстаграм.

jelena-spendjarska-na-plazha-vo-grcija-vo-pregratka-na-sakaniot-ednostavna-i-bez-shminka-jas-i-chovekot-koj-me-uchi-da-letam-02.JPG

Убаво е затоа што ние го создаваме убавото каде и да одиме, го имаме во себе.

Јас и човекот кој ме учи да летам и сè она кое се случува помеѓу и околу нас, а не се гледа со око и не се опишува со збор.

Понекогаш си мислам, види нè до каде стигнавме за толку кратко време, а потоа - ова е само почетокот“, напиша таа.

Водителката, која во последните неколку месеци живее на релација Скопје – Солун, откако ја најде љубовта со Лукас, во февруари годинава одлучи да отпочне ново поглавје во нејзиниот живот и да се пресели во Грција.

Прочитајте и Јелена Спенџарска сподели романтична фотка со саканиот: „Има луѓе со кои без размислување се селите на другиот крај на светот“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Тамара Тодевска (41) роденденски на плажа со саканиот Лука, Лила со стара фотка без филтри: Што прав... Eлена Најдоски ужива во Италија со сопругот Бојан во специфичен аутфит од провид...
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...
„Прекрасно!“ - Јелена Спенџарска долови колку убав град е Прилеп - прилепчани трогнати (видео) „Браво за видеото! Никој досега не го претставил Прилеп вака убаво! Ти благодари...
Јелена Спенџарска се потсети на првото интервју со ДНК во 2010-та: „Андреј и Панчо беа ЕДНО, многу с... „Се сеќавам јас имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа (дека првпат ...

Најчитани неделава