Јелена Спенџарска сподели романтична фотка со саканиот: „Има луѓе со кои без размислување се селите на другиот крај на светот“

„Има луѓе со кои, без секунда размислување, седнувате во кола, се селите на другиот крај на светот, градите куќа и стареете заедно“ – напиша нашата водителка Јелена Спенџарска, до романтичната фотографија со саканиот Лукас.

jelena-spendjarska-spodeli-romantichna-fotka-so-sakaniot-ima-lugje-so-koi-bez-razmisluvanje-se-selite-na-drugiot-kraj-na-svetot-01.jpg

Нашата водителка Јелена Спенџарска во последните неколку месеци живее на релација Скопје – Солун, откако токму таму ја најде љубовта и во февруари годинава, одлучи да отпочне ново поглавје во нејзиниот живот и да се пресели во Грција.

jelena-spendjarska-spodeli-romantichna-fotka-so-sakaniot-ima-lugje-so-koi-bez-razmisluvanje-se-selite-na-drugiot-kraj-na-svetot-03.jpg

Таа денес сподели нова романтична фотографија со нејзиниот сакан Лукас, но наместо во Солун, денес се во Скопје.

Фатени за рака тие двајца се возат во неговиот автомобил, вљубено се гледаат, а до фотографијата таа напиша:

„Има луѓе со кои, без секунда размислување, седнувате у кола, се селите на другиот крај на светот, градите куќа и стареете заедно...“

Во Инстаграм Стори таа сподели уште две фотографии од неа и од саканиот, а на една од нив напиша:

„Премногу љубов...“

jelena-spendjarska-spodeli-romantichna-fotka-so-sakaniot-ima-lugje-so-koi-bez-razmisluvanje-se-selite-na-drugiot-kraj-na-svetot-02.jpg

Инаку, Јелена веќе подолго време наназад објавува фотографии и видеа од Солун и од нејзиниот живот таму, а само еден месец откако се пресели таму, објави видео на кое напиша:

„Животот покрај море е лек. Ако се потребни само 20 минути. Замислете го моето расположение, отчукувањето на срцето, крвниот притисок итн. по еден месец тука. Немам лоши денови. Водата е живот“.

Прочитајте и Јелена Спенџарска: „Некогаш Солун ми беше само викенд дестинација, не ни сонував дека ќе треба да останам таму засекогаш“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...

Најчитани неделава