Како изгледаше првата супермесечина во август 2023 во Македонија, а како во светот?

Во август 2023 ќе се случи редок астрономски феномен - две супермесечини во еден месец. Сите кои уживаат во погледот кон небото и ѕвездите, имаа можност да ја „уловат“ првата супермесечина на 1-ви август, која го осветли небото ширум светот.

prekrasna-gletka-kako-izgledashe-prvata-supermesechina-vo-avgust-2023-vo-makedonija-a-kako-vo-svetot-01.jpg

На 1 август 2023 се случи првата од двете супермесечини овој месец – редок астрономски феномен кој нема да се повтори до 2037 година.

Огромната месечина, која беше оддалечена 357.530 километри од Земјата, предизвика воздишки кај оние што ја видоа. Таа ги инспирираше и фотографите од цел свет да ги направат најубавите фотки во нивните градови, археолошки локалитети, покрај плажа, во селата...

Фотографија од супермесечината која изгрева над кулите Џевахир објави Скопското астрономско друштво, а автор на фотката е Боби Кузманоски.

„Супермесечина“ е полната месечина која со својата орбита е најблиску до Земјата и тогаш изгледа малку поголемо и посветло од вообичаено.

Следната супермесечина, позната и како „сина супермесечина“ ќе се случи на 30 август, а супермесечина ќе има и во септември 2023.

Погледнете како изгледаше овој редок феномен низ објективот на фотографите од цел свет:

 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...

Најчитани неделава