„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години. Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола. И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас...“, раскажува Виктор Апостоловски за CRNOBELO.com за саканата Милена.
„Скопје позитивно ме изненади. Ми изгледа како навистина пријатен град. Луѓето се љубезни и имам чувство како да сум дома...“, вели за CRNOBELO.com Франциско Хименез Руиз од Шпанија, кој на наверојатен начин ја одигра главната машка улога во балетската претстава „Жизел“ и издоминира на сцената заедно со нашата Мими Поп Алексова Атанасовска.
Биг Мама позира во розово монокини, видно ослабена, Александра Шијакоска се прошета во совршена лелеава, жолта, летна креација, а пак Лила се труди да им направи совршени фотки на колешките и пријателки.
Ќерката на Мики и Светлана Црнокрак, Моника (24) ја освои титулата Мис фотогеничност на изборот за Мис Европа во Бејрут, Либан. За CRNOBELO.com таа вели: „Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забава, дружење и прошетки“.
„Првите наши заеднички моменти започнаа на скијање, најубавиот момент во нашата врска беше кога јас кажав „ДА“ и тоа токму на скијање и поради тоа свадбената фотосесија решивме да ја направиме на место што најмногу нè поврзува нас...“, открива Ивана Бојческа (24) од Тетово за CRNOBELO.com за свадбените фотки со саканиот Синиша.
„Пораката која сакам да ја упатам до сите млади девојки е дека убавината не е секогаш само физичкиот изглед, најважно од сè е да се сакате и почитувате самите себе. Но, исто така и да се негувате“, вели младата и убава Јелена Живковиќ (21) за CRNOBELО.com.
„Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека... Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката. Ќе ти ги сакам очите и веѓите и трепавиците...“, гласи дел од емотивната објава на Драган Спасов Дац за приновата на синот Јаков и неговата сопруга Софија.
„Не очекував дека ќе се случи токму на ова патување, со оглед на тоа дека изминатиот период имавме доста заеднички патувања. Прстенот секако бил на безбедно место за воопшто да не се посомневам во ништо, а запросувањето беше во ресторан со италијанска кујна. Покрај запросувањето, следуваа уште неколку пријатни изненадувања во наредните 2 дена“ - раскажува Ангелина (33) за CRNOBELO.com за патувањето во Египет со партнерот, кое завршило со веренички прстен.
Мејкап артистот Александар Билјановски Дадар веќе неколку дена ужива во луксузот на Дубаи, a друштво му прави неговата блиска пријателка Софија Каракаева, со која објавува фотографии на социјалните мрежи.
„Побарав да се приклучам на неколку групи но не успеав поради процедури и на крај сам тргнав за Турција. Учествував во спасувањето на 11 годишно девојче“ – раскажува за CRNOBELO.com Надир Мурсели, алпинист од Тетово кој досега учествувал во голем број спасувачки акции, а беше и во Турција по катастрофалните земјотреси што го зафатија југот на земјата.
Ведрана Ѓорѓевиќ ужива со саканиот од Србија, диџеј по професија, на егзотичен одмор и вели дека 35-тата година од животот ја започнува токму така како што сака – летајќи на лулашка над оризови полиња во Бали.
Фрози Фран објави каква е атмоферата пред палатата на британското кралско семејство, односно Бакингемската палата, и долови како изгледа еден типичен „сив“ лондонски ден.
Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска, е бремена со своето второ дете. Таа на социјалните мрежи објави слики од трудничкиот стомак само еден ден откако го прослави вториот роденден на синот Бодан. Во бела кошула и сина наметка, водителката откри дека е во 30-та недела од бременоста и дека наскоро ќе се породи.
Будење со спектакуларен поглед со палми кон Индискиот Океан, чаша шампањ и егзотична дестинација на 900km источно од Мадагаскар... Нашите познати дами уживаа заедно.
„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун...“, ја започнува својата објава Јелена Спенџарска.
„Ни во најлуд сон не замислував дека човекот во кој сум вљубена ќе ми рече ‘остани засекогаш’“ – напиша на социјалните мрежи нашата ТВ водителка Јелена Спенџарска која неодамна најави дека планира да се сели во Солун кај нејзиниот дечко, Лукас.
„Не знам дали имавте можност да го видите новиот филтер на ТикТок, но тој според мене е на ниво на криминал. Освен што ве прави совршени, односно далеку од она како изгледате во моментот, филтерот не мрда…“, вели Миа Костова и прави споредба на своето лице.
Елена Најдоски прошета во беспрекорен стајлинг во бело, Миа Костова ја видовме во неверојатно секси издание, а Павле Камилоски објави фотографија како ја бакнува саканата Ирина Дишовска во чело за време на нивната свадба.