Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Убави Македонки: Јелена Живковиќ (21) - верува дека убавината е многу повеќе од само физички изглед

„Пораката која сакам да ја упатам до сите млади девојки е дека убавината не е секогаш само физичкиот изглед, најважно од сè е да се сакате и почитувате самите себе. Но, исто така и да се негувате“, вели младата и убава Јелена Живковиќ (21) за CRNOBELО.com.

jelena-od-skopje-21-godishna-ubavica-koja-veruva-deka-ubavinata-e-mnogu-povekje-od-samo-fizichki-izgled-foto-012.jpg

Јелена Живковиќ (21) од Скопје е вработена во локал за здрава храна, има завршено средно образование во гимназијата Георги Димитров, а во иднина планира да се запише на студии по психологија.

Таа е прекрасна млада девојка, на која ѝ покрај тоа што убавината ѝ е силна страна, секогаш моралните вредности ѝ се на прво место и испраќа порака дека убавината е нешто многу повеќе од само добар физички изглед.

jelena-od-skopje-21-godishna-ubavica-koja-veruva-deka-ubavinata-e-mnogu-povekje-od-samo-fizichki-izgled-foto-002.jpg

За CRNOBELO.com таа говори на оваа тема, но и за тоа кои се нејзините рутини за убавина:

„Пораката која сакам да ја упатам до сите млади девојки е дека убавината не е секогаш само физичкиот изглед, најважно од сè е да се сакате и почитувате самите себе.

Мојата прва и клучна работа за убавина и здрав изглед е рутината за нега на кожа, која ми е омилен дел од секојдневието.

jelena-od-skopje-21-godishna-ubavica-koja-veruva-deka-ubavinata-e-mnogu-povekje-od-samo-fizichki-izgled-foto-003.jpg

Покрај тоа што обожавам да си ја негувам кожата, исто така, и се грижам за тоа да изгледам фит.

Вежбам 5 пати неделно во теретана, а кога имам слободно време не пропуштам шанса за долга прошетка по кеј или пак искачување на некоја од нашите прекрасни планини.

jelena-od-skopje-21-godishna-ubavica-koja-veruva-deka-ubavinata-e-mnogu-povekje-od-samo-fizichki-izgled-foto-004.jpg

Внимавам на исхраната и претежно јадам лесна и не многу калорична храна, избегнувам бело брашно и млечни производи, исто така работам во локал за здрава храна, кој е мало, но преслатко место, кое се наоѓа во Дебар маало, па тоа и ми ја олеснува целата ситуација кога се мислам за утринскиот оброк.“

Повеќе фотографии од Јелена:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Јелена Спенџарска си ја лепи устата со селотејп во хит видео: „Јас, затоа што сакам да останам врабо... Понекогаш молчењето на работа е злато, зарем не? Јелена Спенџарска сними хит вид...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска за темните дамки на лицето: „Требаше да почнам да ја третирам мелазмата порано“ „Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишува...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg