Убавината е наследна! Светлана и Моника Црнокрак се прекрасни мајка и ќерка: „Мики, какво богатство си имаш“
- Детали
- сабота, 21 јуни 2025
„Ако убавината треба да се опише во една слика - овие две, мајка и ќерка. Мики Црнокрак, какво богатство си имаш“ - вели Снеже Велков, која не штедеше комплименти за дамите.

Пред неколку дена во Скопје се одржаа првите „Лазаров награди“, а на настанот, освен убаво дотерани гости, многу музика, малку стенд-ап и неколку признанија, имаше и модна ревија на венчаници.
Меѓу манекенките кои продефилираа на модната писта, беа и Светлана и Моника Црнокрак.

И мајката и ќерката важат за едни од најубавите жени кај нас, а тоа, овој пат, јавно го кажа и Снеже Велков.
Таа не штедеше комплименти за нивната убавина, па на Инстаграм Стори сподели фотографија од двете дами, кои носеа венчаници.
„Ако убавината треба да се опише во една слика. Овие две - мајка и ќерка. Мики Црнокрак, какво богатство си имаш“ - напиша Снеже, не штедејќи зборови на пофалби и воодушевување.

Погледнете ги фотографиите:






А. Ј. | Црнобело