Светлана Црнокрак е бикини божица на 49 години - позира со модни парчиња кои се хит летово
- Детали
- петок, 08 август 2025
Светлана изгледа како да го пронашла еликсирот за вечна младост, а успешно ја одржува фигурата во топ форма – покажа дека е згодна убавица во бикини, додека позира како да е излезена од модно списание.

Светлана Црнокрак изгледа периодов го користи за да ужива на море, а со фановите сподели неколку кадри на кои покажа дека изгледа совршено и кога е на одмор.
Таа на Инстаграм објави фотографии на кои позира покрај вода во бикини со виолетова и путер жолта боја, која е хит сезонава, а одозгора искомбинирано со лежерна бела кошула.

Нашата манекенка изгледа како да е во тек со трендовите за летово, па на себе има и марама на главата, големи впечатливи очила и златни висечки обетки во форма на школка.

Светлана важи за една од најубавите жени кај нас, која личи како да го пронашла еликсирот на вечна младост, па на свои 49 години и по 2 родени деца, изгледа прекрасно.
Таа во интервју за CRNOBELO има откриено дека многу го негува лицето и практикува рутини кои ѝ одговараат на кожата, а за да изгледа вака фит, мора да биде физички активна бидејќи цел живот мака мачи со диети и режими на исхрана.

„Кога и да ме прашаат на оваа тема, секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита.
Од кога паметам за себе јас постојано сум под некои диети, режим на исхрана. Имам бавен метаболизам и доколку не сум физички активна буквално сè се фаќа на мене.
Се трудам да внимавам, а најважно од сè е да не гладувам, туку да се хранам здраво“ - изјави таа.

Прочитајте повеќе: Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и постојано вежбам“
Погледнете повеќе фотки:






M. M. | Црнобело