Виктор Апостоловски: „Подготвуваме свадба на лето, љубовта си ја пронајдов во мојот град“

„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години. Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола. И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас...“, раскажува Виктор Апостоловски за CRNOBELO.com за саканата Милена.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-01.jpg

Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата Милена Доневска во јануари 2023, за време на нивното патување во Истанбул, а сега парот подготвува свадба.

Проговоривме со него околу плановите за свадбата, но и кој е поангажиран.

Виктор за CRNOBELO.com вели:

„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години. 

Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-03.jpg

И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас.

И еве, 3 години подоцна, таа веќе работи како медицинска сестра, а јас си ја пејам старата песна, но со нова инспирација. Интересен е животот, долго време мислев дека среќата ми е таму некаде, во светот, а таа да ти била тука, во мојот град.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-04.jpg

Подготовките за свадбата започнаа по враќањето од Истанбул, каде што ја запросив.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-06.jpg

Направивме веридба, па потоа почнавме да размислуваме за останатото. Фала Богу, поради професијата ги познавам скоро сите што ни требаат, така што договарањето ни оди релативно лесно.

Првично планиравме да ја направиме свадбата на денот на годишнината на моите родители – 9-ти септември, за да ни остане како традиција, ама потоа размислувавме и сфативме дека всушност септември е некако далеку.

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-02.jpg

Колку подалеку настанот, толку подолго време ќе се малтретираш со подготовки. Така што решивме да ја направиме порано во текот на летото.

Сè уште не е се 100% дефинирано, ама битно ќе биде во Битола. Инаку нормално, невестата е секогаш поангажирана бидејќи има многу повеќе работи на кои треба да посвети внимание, шминка, фризура, фустан итн. Мажите обично се спремаат во последен момент.“

viktor-apostolovski-podgotvuvame-svadba-na-leto-ljubovta-si-ja-pronajdov-vo-mojot-grad-05.jpg

Прочитајте и Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата во Истанбул: „Доста време ерген одев!“ (видео)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски и сопругата добија синче, му дадоа библиско име: „Ќе го викаме Адам“ Со објава на Инстаграм Стори, Виктор Апостоловски сподели дека со сопругата доби...
Виктор Апостоловски ќе стане татко: „За некој ден Милена влегува во 9-ти месец, уште немаме име“ Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга, наскоро ќе станат родители - тие...
Македонка во бизнис класа кон Маврициус на меден месец, со Chanel лепенки под очи - сака да биде анг... „Дали ова се важи за меден месец, ако ние постојано летаме некаде?“, се пошегува...
Виктор од Скопје ја запроси Адријана во Равело: „Од неразделни пријатели до љубов - дизајнирал прсте... „Кога слушнав дека прстенот го дизајнирал токму по мојата замисла и со недели ко...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Викторија Лоба во ретка пригода проговори за односот со татко ѝ: „По разводот на моите, не бев толку... Викторија Лоба е родена во градот Таганрог, родното место на познатиот руски пис...

Најчитани неделава