Македонка во бизнис класа кон Маврициус на меден месец, со Chanel лепенки под очи - сака да биде ангел на Викторија Сикрет
- Детали
- вторник, 10 март 2026
„Дали ова се важи за меден месец, ако ние постојано летаме некаде?“, се пошегува таа со фотографии од патувањето со бизнис класа со Emirates и го покажа свршеничкиот прстен со огромен дијамнат, кој го доби на запросувањето на јахта во Дубаи на крајот од 2025-та.

Долгоногата русокоса убавица Верица Китанова од Струмица, поради русата косата и тенкиот струк го носи прекарот „македонската Барби“.

Таа периодов ужива на меден месец во Маврициус.

„Дали ова се важи за меден месец, ако ние постојано летаме некаде?“, се пошегува таа со фотографии од патувањето со бизнис класа (Emirates Business Class), мислејќи на тоа што со својот избраник постојано се некаде на пат.



Фотографија од бизнис класа
Од Дубаи до Малдиви, егзотичните дестинации им се чест избор.
Таа и овојпат не го покажа лицето на својот сакан, односно на испечатена фотографија од нив го сокри со прст, а во фокус го стави нејзиниот свршенички прстен со огромен дијамант.

„Запросувањето се случи во Дубаи, а прославата продолжи на Малдиви.
Бевме во врска година и 4 месеци и иако не можев да предвидам кога точно ќе се случи моментот, уште од самиот почеток беше јасно дека заедно градиме иднина“, изјави Верица за CRNOBELO.com по запросувањето.

