Виктор Апостоловски и сопругата добија синче, му дадоа библиско име: „Ќе го викаме Адам“
- Детали
- вторник, 02 декември 2025
Со објава на Инстаграм Стори, Виктор Апостоловски сподели дека со сопругата добија синче на кое му дадоа библиско име – Адам.

Виктор Апостоловски и сопругата Милена добија син, а пејачот ги сподели убавите вести со објава на Инстаграм Стори.
Во видео снимено во болница, тој радосно кажува дека добиле син, а го открива и неговото име.
„Дојде првиот маж во Апостоловци, ќе го викаме Адам“, вели Виктор во видеото.

Виктор и саканата открија дека очекуваат дете пред самиот крај на бременоста, а тогаш, за CRNOBELO.com, пејачот сподели дека Милена се чувствува одлично.
Прочитајте повеќе: Виктор Апостоловски ќе стане татко: „За некој ден Милена влегува во 9-ти месец, уште немаме име“


Тие се во брак од 2023 година, а нивната љубовна приказна почна кога се запознаа во маркет во Битола, од каде што се и двајцата.
Прочитајте и: Љубовната приказна на Виктор Апостоловски и Милена: „Се запознавме во маркет, ми била фан како дете и имала мој постер“

Виктор ѝ стана познат на јавноста преку „Македонски идол“, а се натпреваруваше и за домашниот избор на Евровизија со песната „Супермен“ која веднаш стана хит.

Спирова С. | Црнобело
