10 летни филмови што ќе ве расположат во топлите ноќи

The Parent Trap

Се сеќавате на лектирата „Двојната Лота“? The Parent Trap, со Линдзи Лохан во главната улога, е инспириран токму од неа.

Главните ликови се две потполно идентични девојчиња кои сосема случајно дознаваат дека се близначки.

Едната живее со мајка им, а друга со татко им, па одлучуваат да си ги сменат местата.

Charlie’s Angels

Ако сакате доза носталгија, зошто да не се присетите на култниот Charlie’s Angels?

За денешни стандарди, филмот изгледа премногу наивно, но прекрасните Дру Баримор, Луси Лиу и Камерон Диаз, заедно со забавните акциони сцени, сигурно ќе ви го подобрат расположението.

Palm Springs

Главните ликови се момче и девојка кои се поканети на свадба во Palm Springs во Калифорнија.

Но, и двајцата се „заглавени“ во ист ден кој го живеат одново и одново.

Кога сфаќаат дека поради ова буквално ништо не е важно, одлучуваат да ги прават најлудите работи на коишто можат да помислат.

40-Yеar-Old Virgin

Како што кажува самиот наслов, главниот лик е 40-годишен маж кој никогаш во животот немал секс.

Кога неговите колеги дознаваат за ова, си даваат задача да му најдат девојка која ќе сака да спие со него.

Treasure Planet

Уште еден анимиран филм во кој дефинитивно ќе уживаат и возрасните.

Приказната е инспирирана од романот „Островот со скриеното богатство“ на Роберт Л. Стивенсон.

Но, за разлика од книгата, дејството во филмот е сместено во „стимпанк“ иднина и богатството не е скриено на остров, туку на мистериозна планета.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg