10 летни филмови што ќе ве расположат во топлите ноќи

Ако сакате да се чувствувате како да сте во Грција, изгледајте го Mamma Mia!, додека анимираниот филм Luca ќе ве однесе на италијанското крајбрежје и ќе ви ја разгори желбата за вкусна италијанска храна.

10-letni-filmovi-shto-kje-ve-raspolozhat-vo-toplite-nokji-01.jpg

Ако ви е премногу топло за да излегувате навечер, гледањето добар филм секогаш е добра идеја.

Ако сакате нешто едноставно што веднаш ќе ви го подобри расположението, дајте им шанса на следниве филмови:

Mamma Mia!

Мјузиклот со Мерил Стрип и Аманда Сејфрид во главните улоги е вистинско летно уживање.

Дејството е сместено во Грција, каде што девојка се подготвува за нејзината свадба.

Таа живее само со нејзината мајка и обидувајќи се да открие кој ѝ е татко, на прославата кани тројца бивши дечковци на мајка ѝ.

(500) Days of Summer

Зои Дешанел и Џозеф Гордон-Левит глумат момче и девојка со сосема поразлични сфаќања за врските.

Тие се гледаат, но додека момчето сонува да го поминат целиот живот заедно, девојката не верува во брак, па ни сериозни врски.

The Way Way Back

На моменти емотивен, но и забавен, The Way Way Back е одличен филм за топлите летни ноќи.

Главнит лик е тинејџер кој заедно со мајка му и нејзиниот нов дечко оди на одмор.

Обидувајќи се да ја избегне токсичната средина, тој оди во аквапарк каде сретнува маж кој му дава работа, но и успева да му го разубави целото лето.

Forgetting Sarah Marshall

Главниот лик е Питер Бретер – Американец кој раскинува со неговата девојка по пет години врска.

Со цел да ја преболи, тој оди на одмор на Хаваи. Но, набрзо открива дека во истиот ресорт отседнува бившата со нејзиниот нов дечко.

Luca

Со дејство сместено во италијански крајбрежен град, Luca ќе ви биде како мини-одмор во Италија.

Главниот лик е младо момче кое се спријателува Алберто – дете кое крие необична тајна.

Покрај пејзажите на италијанското крајбрежје, аниматорите обрнале посебно внимание и на храната, па додека го гледате филмот, сигурно ќе посакате порција тестенини.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg