10 одлични филмови од различни жанрови што ќе ви го пополнат слободното време
Ако сте расположени за комедија, изгледајте го Office Space, а доколку сакате потресна приказна која реално прикажува како изгледа да се преживее катастрофа како цунами, дајте му шанса на The Impossible.
Во морето филмови – од кои стотици, па и повеќе вреди да се изгледаат – може да биде тешко да направите избор.
Ако ви е смачено да трошите повеќе време во барање филм отколку гледање, веруваме дека ќе ви е допадне нешто од следниве предлози.
10 филмови од различни жанрови што треба да ги изгледате:
The Impossible
Филмот е инспириран од вистински настан – цунамито што направи пустош во Тајланд во 2004 година.
Главниот лик е дете кое по катастрофата, со мајка му пробува да открие дали татко му и помалата сестричка се воопшто живи.
Филмот премногу реалистично покажува како изгледа да се преживее ваква трагедија, но и што се случува следно.
Anchorman: The Legend of Ron Burgundy
Дејството на забавната комедија е сместено во 1970-тите, период кога жените не се сфатени најсериозно.
Главниот лик е познат и арогантен водител на вести чија самодоверба почнува да се руши кога во телевизијата се вработува млада и талентирана водителка.
The Butler
Инспириран од вистинска приказна, The Butler го следи животот на Сесил Гејнс – маж кој неколку децении работи како батлер во Белата куќа.
Од дете чии родители се робови, Сесил станува куќен помошник и постепено стигнува до Белата куќа каде што во текот на својата кариера, им служи на дури осум американски претседатели.
Навистина инспиративна приказна која нема да ве остави рамнодушни.
The Founders
The Founders се фокусира на создавањето на најпознатиот ланец ресторани за брза храна – McDоnald's.
Почнувајќи како генијална идеја на двајца браќа, првиот ресторан брзо го привлекува вниманието на инвеститор кој на почетокот соработува со нив, но постепено успева да им го „украде“ бизнисот на легален начин.
Sunshine
Сигурно ќе ви се допадне Sunshine ако сакате научно фантастични филмови, со по некој филозофски елемент.
Дејството е сместено во период кога Сонцето постепено умира. Група научници се на мисија која е речиси осудена на пропаст – треба да отпатуваат до нашата ѕвезда и да предизвикаат експлозија со која наново ќе го активираат процесот на нуклеарна фузија.
Една од главните улоги му припаѓа на Килијан Марфи.
A Man Called Otto
Забавна драма која ќе ви ја врати надежта и ќе ви ја покаже убавината на животот.
Главниот лик е Ото, маж кој по смртта на неговата жена смета дека нема зошто да живее и планира да си го одземе животот.
Но, семејство кое се вселува до неговиот дом постепено му ја менува перспективата.
A History of Violence
Главниот лик е сопственик на ресторан во Индијана кој станува локален херој, откако спасува неколку гости во ресторанот од вооружени напаѓачи.
Нo, бидејќи неговото лице почнува да се појавува на сите телевизии, наскоро е посетен од маж кој е убеден дека херојот е всушност поранешен гангстер.
War of the Worlds
Со Том Круз во главната улога, War of the Worlds е филм во кој светот е нападнат од вонземјани кои се чини дека се подготвувале за инвазијата со децении однапред.
Додека вонземјаните систематски го уништуваат човештвото и го убиваат буквално секој човек, маж пробува да си ги спаси децата по секоја цена.
Atonement
Потресна приказна која покажува колкава штета може да предизвика детската наивност.
Главниот лик е мало девојче кое ја здогледува сестра ѝ како има секс со маж од соседството. Мислејќи дека ја повредува, девојчето го обвинува мажот за силувањето на нејзина пријателка и, практично, му го уништува целиот живот.
Од една страна, постапките на девојчето ќе ве иритираат, но од друга ќе ви биде јасно дека низ нејзините детски очи, тоа сепак било убедено дека прави добро.
Office Space
Сатиричната комедија Office Space го исмејува канцеларискиот живот во САД во 1990-тите и дефинитивно ќе ви се допадне ако имате шеф кој ви оди на нерви.
Главниот лик е исфрустриран програмер кој работи за софтверска компанија, кој „крева раце“ од сè и пробува да најде начин да украде нешто од компанијата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





