Нови хит ТВ серии

novi-hit-tv-serii-povekjeЈа нема секој таа среќа да живее во земја каде телевизиите откупуваат турски и индиски серии на големо. Некаде програмата редовно се освежува и...


...има по нешто за сечиј вкус.

Покрај втората сезона на Game of Thrones еве што ќе се гледа низ светот оваа година:

По Lost легендарниот продуцент J.J. Abrams ни носи нов возбудлив трилер Alcatraz:


Grimm
е надреална детективска драма. Бајките што сите ги знаеме не биле само приказни, тие биле предупредувања!


По сообраќајката на брачен пар и нивниот син, сопругот во Awake живее во две паралелни реалности. Една каде сопругата преживеала, а синот загинал, и друга каде синот е жив, а сопругата мртва.


Во Touch вдовецот Кифер Сатерленд открива дека неговиот аутистичен син има необични способности и умее да ја предвидува иднината.


Љубителите на мјузикли ќе уживаат во Smash, приказна за девојка со прекрасен глас која добива шанса да стане ѕвезда во мјузиклот за Мерилин Монро. Анџелика Хјустон и Дебра Месинг се само дел од звучните имиња во новата серија на NBC.


По раскинувањето, слатката и откачена Зои Дешанел се вселува со тројца цимери кои не ги познава. New girl е една од најзабавните нови серии.


Од оригиналниот наслов Не ѝ верувај на кучката во стан 23, остана само последниот дел Apartment 23, но ништо не е скратено од сплетките и смешните ситуации меѓу двете цимерки во Њујорк.


Официјално, GCB е кратенка за Добри христијански убавици иако оригиналниот наслов бил Добри христијански кучки. Зад серијата за новите Очајни домаќинки всушност стојат креаторите на Сексот и градот.


По Project runway со Хајди Клум доаѓа Fashion star со Ел Мекферсон. Модното реално шоу е во потрага по новиот голем бренд, а 14 дизајнери ќе се натпреваруваат за мултимилионскиот договор што вклучува продажба на нивните колекции низ најголемите ланци на бутици меѓу кои и H&M. Со совети ќе им помагаат и Џесика Симпсон и Никол Ричи.

novi-hit-tv-serii

Ако имате врски во некоја од нашите телевизии слободно препратете им ја листата и замолете ги дадат нешто ново и да не се мачат да го синхронизираат на македонски :)

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 комплексни филмови за кои луѓето се преправаат дека ги разбрале (со едно гледање) Donnie Darko и Inception кои веќе се сметаат за класика, но и релативно новиот I...
3 години снимање во екстремни услови му донесе на Силјан нова номинација - исклучителен продуцент/и ... Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од ...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 филмови за генијалци од реалноста, кои ќе им се допаднат на интелектуалците Radioactive кој ја раскажува приказната за Марија Кири, Hidden Figures за скриен...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg