Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI генерирани слики?

Spirited Away

Главниот лик е 10-годишно девојче кое со своите родители патува кон нивниот нов дом.

Но, по сплет на околности, девојчето останува заробено во светот на духовите, инспириран од јапонскиот фолклор.

Девојчето пробува да најде начин да се врати во човечкиот свет, но и да ги спаси нејзините родители.

Ова е филмот што му го донесе првиот Оскар на Мијазаки.

Princess Mononoke

Дејството е сместено минатото, а главниот лик е млад принц кој бара лек за неговата рака.

Но, се вплеткува во конфликт помеѓу луѓето и шумските богови.

Ја запознава и Мононоке, девојка израсната со волци која пробува да си го спаси домот од луѓето.

My Neighbour Totoro

Ова е филм кој ќе ве расположи и во најлошите денови.

Главните ликови се две девојчиња чија мајка е болна.

Со цел да бидат поблиску до неа додека е во болница, со татко им се преселуваат во рурална Јапонија.

Овде откриваат мистична шума каде што имаат низа авантури со тамошните духови и битија.

Howl’s Moving Castle

Филмот е инспириран од истоимената книга на британската авторка Дијана Вин Џоунс.

Дејството е сместено во кралство каде што има магија, но и технологија како во 20-тиот век.

Главниот лик е млада девојка која е претворена во старица и бара начин да се ослободи од клетвата.

The Boy and the Heron

Мијазаки се врати од пензија за да го направи The Boy and the Heron, за на крај да добие и Оскар за филмот.

Главниот лик е 12-годишно момче кое по смртта на мајка му, сака да се пресели во нов град.

Но, сретнува птица која може да зборува и која му кажува дека мајка му сепак е жива.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...

Најчитани неделава