10 филмски серијали со (по)нови продолженија – совршени за продолжен викенд
The Karate Kid, Mission: Impossible, Jurrasic World – голем дел од филмските серијали со коишто пораснавме изминативе неколку години беа „оживеани“ со нови продолженија. Што ќе гледате овој продолжен викенд?
Филмски серијали и франшизи има безброј, а некои успеале да останат релевантни и 20, 30 па и 40 години по првиот филм.
Само годинава ќе има нови продолженија од барем пет популарни франшизи, а доста филмови беа издадени и изминативе неколку години.
10 филмски серијали со понови продолженија, идеални за маратонско гледање:
Трејлерите се од најновиот филм од секоја франшиза.
John Wick
Филмскиот серијал со Киану Ривс во главната улога веќе има пет продолженија, а најавено е и шесто.
Главниот лик е Џон Вик – легендарен платен убиец кој е присилен да се врати во светот на криминалот, по неколку години во пензија.
Final Destination
Ретро хорор серијалот беше „воскреснат“ годинава со ново, шесто продолжение.
Дејството на сите филмови се фокусира околу мала група луѓе кои очајно пробуваат да ѝ избегаат на смртта. Но, поради некоја причина, изгледа секој од нив е осуден на смрт.
Mission: Impossible
Уште од 1996-та, Том Круз работи неуморно за да ја одржи популарната франшиза во живот. Со седум филмови, од кои најновиот веројатно ќе биде и последен, Mission: Impossible се претвори во еден од најпопуларните филмски серијали.
Главниот лик е Итан Хант – таен агент во единицата позната како Impossible Mission Force. Во секој филм, неговата задача е да спречи некој непријател и да најде начин да избегне глобална катастрофа.
The Karate Kid
Нема кој не се сеќава на господин Мијаги и кој не посака да стане карате експерт токму поради филот The Karate Kid. Досега се снимени шест филмови, од кои најновиот излезе годинава.
Во секој од филмовите, главниот лик е тинејџер кој учи боречки вештини од искусен ментор. Но, истовремено учи и многу животни лекции.
Во најновиот филм, Ралф Макио и Џеки Џен ги репризираат нивните улоги.
Indiana Jones
Со пет продолженија, од кое последното беше издадено во 2023-та, Indiana Jones се вбројува меѓу најуспешните филмски франшизи.
Главниот лик е археологот Индијана Џонс кој во секој до филмовите е во потрага по некаков мистичен артефакт, кој мора да го најде пред негативците, за во некои ситуации да го спаси и светот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





