10 филмски серијали со (по)нови продолженија – совршени за продолжен викенд
Ghostbusters
Уште една ретро франшиза што беше оживеана изминативе неколку години.
Комедијата со примеси на хорор се фокусира на група ловци на духови, полубогови, богови и секакви натприродни суштества. Досега се снимени пет филмови, од кои најновиот излезе во 2024 година.
Planet of the Apes
Првиот серијал од Planet of the Apes има пет филма, потоа беше снимен еден римејк, а од 2011-та се снимени четири продолженија како дел од „рибутот“ на франшизата. И, доволно е да ги изгледате само овие четири бидејќи се покажаа и подобри од оригиналниот серијал.
Дејството на филмот е сместено во постапокалиптичен свет, каде луѓето и ултра интелигентни мајмуни се борат за тоа кој да биде доминантниот вид.
28 Days Later
За љубителите на хорор, овде е франшизата 28 Days Later од која има два филма и трет кој се очекува летоска, поточно во јуни. Најавени се уште два филма во наредните неколку години.
Дејството е сместено во свет опустошен од вирус кој ги претвора луѓето во вид зомби. Главните ликови во филмовите се група преживеани кои пробуваат да стигнат до безбедни зони за да се спасат.
Fast & Furious
Можеби не се најдобрите филмови кои излегле од Холивуд, но факт е дека сите сме изгледале барем еден од десетте филмови од серијалот Fast & Furious.
Почнувајќи од нелегални автомобилски трки, дејството на франшизата „еволуира“, па во поновите филмови ликовите се занимаваат со амбициозни грабежи, шпионажа и, секако, возбудливи бркотници со автомобили.
Jurassic World
Jurassic World (или Jurassic Park) е уште една постара филмска франшиза која доминира со децении, а летоска ќе има и нов филм.
Фокус во серијалот се вистински диносауруси кои се вратени во живот со клонирање, благодарение на „древна ДНК“.
Во првите филмови дејството главно се случува во тематски паркови со овие диносауруси, но подоцна приказната добива и нова димензија - диносаурусите се релоцирани низ разни краеви ширум светот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





