Македонец со тело како Аполон - Кој е Матеј, нашиот претставник на изборот за најдобар светски модел?
- Детали
- четврток, 05 јуни 2025
Нашиот модел и вљубеник во фитнес, Матеј Павловски, е македонскиот претставник на светскиот избор на убавина за мажи, Manhunt 2025.

На изборот за најубав машки модел на светот, кој се одржува во Бангкок, Тајланд, Македонија има свој претставник - Матеј Павловски (24).

Матеј е дел од модната агенција Max Models од Скопје, а освен фитнесот, обожава спорт, пред сè фудбал и кошарка.

На изборот, пак, замина преку модната агенција „Даман” од Истанбул, чиј сопственик Шаќир Села, ја има лиценцата за овој светски избор.

Тој веќе неколку дена е на Тајланд, каде што, заедно со останатите момци се подготвува за финалето, кое е закажано за 10 јуни.

Момците веќе имаа неколку фотосесии - во класични костуми, но и во костими за капење. А во меѓувреме, денот им е исполнет со бројни активности, но и дружење.

Повеќе фотки и видеа од Матеј на Тајланд и неговите подготовки и дружбите со останатите момци:




