10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа

The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот Сталкер се филмови во кои ќе ужива секој интелектуалец.

10-filmovi-shto-sekoja-inteligentna-lichnost-treba-da-gi-izgleda-01.jpg

Некогаш гледаме филмови бидејќи само сакаме да се релаксираме и тогаш обично одбираме нешто полесно.

Но, ако сакате дејство што ќе ве „измори“ бидејќи треба да го следите многу внимателно, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози.

10 филмови што се омилени меѓу интелектуалците:

The Machinist

Со Кристијан Бејл во главната улога, The Machinist се фокусира на Тревор Резник, работник кој страда од инсомнија и нема спиено цела година.

Животот му тргнува во чудна насока кога почнува да наоѓа чудни пораки низ неговиот стан, но и да гледа колега кој за другите е невидлив.

Како минува времето, неговата параноја расте и тој веќе не е сигурен што е реално, а што не.

Bridge of Spies

Bridge of Spies е снимен според вистинската приказна за адвокат од САД кој е најмен да брани советски шпион за време на Студената војна.

И покрај негодувањето од јавноста, адвокатот бара фер судење, а со тоа се вплеткува во преговори за размена на воени затвореници помеѓу САД и Советскиот Сојуз.

Филмот е во режија на Стивен Спилберг, а главната улога му припаѓа на Том Хенкс.

Enemy

Главниот лик во надреалната драма на Дени Вилнев е Адам, универзитетски професор кој во филм здогледува актер кој изгледа потполно исто како него.

Љубопитен, но и исто вознемирен, тргнува да го најде и нивните животи почнуваат да се испреплетуваат на чуден начин.

Филмот е снимен според книгата The Double која има добиено Нобелова награда за литература, а во главната улога го гледаме Џејк Џиленхол.

Cloud Atlas

Во режија на сестрите Вачовски, Cloud Atlas е епска научнофантастична сага за која ќе треба да одвоите три часа, но навистина вреди.

Дејството опфаќа шест приказни, сместени во различни временски периоди, почнувајќи од 19-тиот век, па сè до постапокалиптична иднина.

Иако живеат во потполно различни времиња, животите и самите ликови се поврзани на чуден начин.

Primer

Иако нискобуџетен, Primer важи за еден од најдобро осмислените филмови кои вклучуваат патување низ времето.

Главните ликови се двајца инженери кои сосема случајно измислуваат машина за патување низ времето додека работат на проект во нивната гаража.

Почнуваат да ја користат за мали финансиски добивки, но колку почесто патуваат низ времето, толку потешко им е да ги надитрат своите верзии од минатото и иднината и целата ситуација станува многу покомплексна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg