10 филмови за генијалци од реалноста, кои ќе им се допаднат на интелектуалците

Radioactive кој ја раскажува приказната за Марија Кири, Hidden Figures за „невидливите“ жени генијалци во НАСА или, пак, At Eternity’s Gate кој ги опфаќа последните години од животот на уметничкиот гениј ван Гог. 

10-filmovi-za-genijalci-od-realnosta-koi-kje-im-se-dopadnat-na-intelektualcite-01.jpg

Математичарите, физичарите, уметниците и музичарите кои го промениле светот одамна се инспирација за филмови.

Сепак, нивните животни и нивните достигнувања неретко се пофасцинантни и од измислена приказна.

Дел од овие филмови можеби искривуваат дел од реалноста, но сепак ја величаат генијалноста на луѓето кои го промениле светот.

10 филмови за генијалци од реалноста:

A Beautiful Mind

Со Расел Кроу во главната улога, A Beautiful Mind е биографска драма за математичарот и нобеловец Џон Неш.

Почнувајќи од неговите студентски денови на Универзитетот Принстон, дејството опфаќа период од животот на математичарот кога е регрутиран од тајна владина агенција за да дешифрира скриени пораки.

Но, во меѓувреме, почнува да халуцинира и да покажува симптоми на шизофренија.

The Imitation Game

The Imitation Game е снимен според вистинската приказна за Алан Тјуринг – генијот кој се нарекува и татко на информатиката.

За време на Втората светска војна, Тјуринг станува дел од тим кој има единствена цел – да ја дешифрира нацистичката машина Енигма и со тоа надежно да стави крај на конфликтот.

Главните улоги им припаѓаат на Бенедикт Камбербач и Кира Најтли.

Hidden Figures

Извонредна биографска драма која реално ги прикажува предизвиците со кои се соочувале жените во научната сфера.

Дејството е сместено во 1960-тите, за време на вселенската трка меѓу САД и Советскиот Сојуз.

Главните ликови се три Афроамериканки, експерти за математика, кои работат на лансирањето на астронаутот Џон Глен, додека се справуваат со лични проблеми, како и расна и понова дискриминација.

Tesla

Биографска драма со фокус на многуте предизвици во животот на Никола Тесла.

Со Итан Хок во главната улога, филмот е повеќе како уметничка интерпретација, но сепак ги опфаќа најважните мигови од животот на генијот – од неговото пристигнување во САД и конфликтите со Томас Едисон, до неговата осаменост.

Radioactive

Уште еден филм кој мошне добро ја прикажува дискриминацијата со која се соочувале жените во светот на науката.

Radioactive ја следи приказната на Марија Кири, првата жена која добила Нобелова награда, но и единствената личност која ја добила наградата за две различни науки.

Филмот опфаќа дел од нејзината соработка со сопругот Пјер Кири, откривањето на радиумот и полониумот, но и пречките што ѝ ги претставува нејзиниот пол.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...

Најчитани неделава