10 филмови за генијалци од реалноста, кои ќе им се допаднат на интелектуалците
The Man Who Knew Infinity
Со Дев Пател во главната улога, The Man Who Knew Infinity е снимен според животот на индискиот математички гениј Шриниваса Рамануџан.
Како самоук математичар, Шриниваса добива понуда да работи на Универзитетот Кембриџ.
И покрај културниот судир, расизмот, но и здравствените проблеми, тој успева да се претвори во еден од најголемите умови во историјата на математиката.
October Sky
Инспиративна биографска драма со Џејк Џајлехнол во главната улога која ја раскажува приказната за Хомер Хикам, познат инженер во НАСА.
Откако ги слуша новостите за лансирањето на рускиот сателит Спутник 1, Хомер, кој е син на рудар, успева да си го оствари сонот да стане вселенски инженер, и покрај бројните пречки со кои се соочува.
At Eternity’s Gate
At Eternity’s Gate ги опфаќа последните години од животот на уметничкиот гениј Винсент ван Гог.
Со Вилем Дефо во главната улога, дејството се фокусира на периодот што уметникот го минува во јужниот дел на Франција.
Овде создава некои од своите најпознати дела, додека се бори со осаменоста, но и проблемите со менталното здравје.
Immortal Beloved
Инспириран од животот на Лудвиг ван Бетовен, Immortal Beloved се фокусира и на тајната љубов во животот на познатиот композитор, и неговиот обид да се справи со губењето на слухот.
Филмот почнува по неговата смрт, па животот на композиторот е прикажан преку сеќавања.
Главната улога му припаѓа на маестралниот Гери Олдман.
The Professor and the Madman
Со Мел Гибсон и Шон Пен во главните улоги, The Professor and the Madman се фокусира на создавањето на првото издание на оксфордскиот речник на англиски јазик.
За ова се задолжени двајца мажи кои немаат ништо заедничко – едниот е професор кој добива задача да го направи најголемиот и најопширниот речник на англиски јазик, додека другиот е воен ветеран кој е сместен во ментална установа.
Спирова С. | Црнобело