10 напнати шпионски филмови снимени според вистински приказни
The Good Shepherd
Во режија на Роберт де Ниро и со Мет Дејмон во главната улога, The Good Shepard ја следи приказната на Едвард Вилсон кој е инспириран од вистинска личност.
Почнувајќи како владин работник во САД, тој постепено напреднува, за да стане еден од луѓето кои ги поставуваат темелите на ЦИА.
American Made
Иако е акциона комедија, American Made спаѓа во категоријата шпионски филмови снимени според вистински приказни.
Главниот лик е Бери Сил, комерцијален пилот кој е најмен од Пабло Ескобар за да шверцува дрога во САД.
Откако Американците ќе го фатат, се согласува да стане шпион и да ги известува за картелот, со цел да избегне затворска казна.
Fair Game
Со Наоми Вотс во главната улога, Fair Game е снимен според мемоарите на поранешна вработена во ЦИА.
Фактот дека работела во ЦИА им бил познат само на агенцијата, нејзиниот сопруг и нејзините родители. Но, таа открива дека ЦИА веројатно го открила нејзиниот идентитет.
Breach
Breach е снимен според приказната за Роберт Хансен, ФБИ агент кој одлучува да стане шпион за својата држава.
Главниот лик е нов вработен во ФБИ чиј партнер е токму агентот-шпион кој веќе е обвинет за продавање тајни на Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија.
Confessions of a Dangerous Mind
Главниот лик е Чак Берис – маж кој е присилен да работи како убиец од страна на агент на ЦИА:
Но, кога ќе стане познат ТВ презентер, мора да најде начин да го скрие својот вистински идентитет.
Спирова С. | Црнобело