10 напнати шпионски филмови снимени според вистински приказни
Fair Game кој ја раскажува приказната за агентка на ЦИА која е предадена од агенцијата, или American Made – приказната за американски пилот кој почнува да го шпионира Пабло Ескобар за да избегне затворска казна.

Шпионските приказни отсекогаш биле забавни, а тоа што франшизата за Џејмс Бонд е една од најпопуларните во светот само го потврдува овој факт.
Иако голем дел од шпионските приказни се фикција, она што се случува(ло) во реалноста, некогаш е дури и пофасцинантно.
10 шпионски филмови снимени спореди вистински настани:
Farewell
Farewell е снимен според вистинската приказна за Владимир Ветров – таен агент кој работел за КГБ во доцните 1980-ти.
Откако сфатил дека ќе веќе не сака да го поддржува Советскиот Сојуз, одлучува да ги открие сите свои тајни на француските власти.
Bridge of Spies
Со Том Хенкс во главната улога, дејството на Bridge of Spies е сместено за време на Студената војна.
Американски адвокат е задолжен да застапува уапсен руски шпион, но потоа и да ѝ помогне на ЦИА да направи размена на затвореници со Советскиот Сојуз.
The Courier
Главниот лик е британски трговец кој во 1960 година, често одел во Москва за работа, поради што се вплеткува во Студената Војна.
Агент од британската разузнавачка служба MI6 бара од него да почне да се сретнува со истакнат советски офицер кој воедно е и шпион.
Неговата задача е да ги пренесува тајните што ќе ги дознае од шпионот.
Charlie Wilson’s War
Со примеси на комедија, Charlie Wilson’s War ја раскажува приказната за Чарли Вилсон, конгресмен од Тексас со желба да им помогне на Авганистанците во борбата против Советскиот Сојуз во 1980-тите.
Откако ќе ги здружи силите со ЦИА, станува дел во една од најголемите тајни операции за да им помогне на Авганистанците да добијат оружје.
Argo
Argo е снимен според спасувачка мисија на неколку американски дипломати кои се заглавени во Иран.
Главниот лик е офицер од ЦИА кој прави план да ги извлече од Иран, така што ги тера да се преправат дека се дел од филмска екипа.