10 нови серии (и сезони) што со нетрпение ги очекуваме оваа есен

Последната сезона на Stranger Things или, пак, трилерот Black Rabbit кој со одличната актерска екипа, навистина ветува многу. Што ќе гледате оваа есен?

10-novi-serii-i-sezoni-shto-so-netrpenie-gi-ochekuvame-ovaa-esen-01.jpg

За време на облачната и врнежлива есен, доста често најдобрата разонода е гледањето серија, по можност цела сезона одеднаш.

А, оваа есен нема да ви недостасува избор од нови серии, но и нови сезони од кои дел чекаме со години.

10 нови серии и сезони што не треба да ги пропуштите оваа есен:

Трејлерите на постарите серии се од првите сезони, за да не ви направиме спојлер доколку ги немате гледано.

Black Rabbit

Со Џуд Ло и Џејсон Бејтман во главните улоги, Black Rabbit сигурно нема да разочара.

Главните ликови се сопственик на ресторан и неговиот брат кој е задолжен кај опасни лихвари. Откако брат му се враќа во неговиот живот, сопственикот е присилен да се вплетка во криминалното подземје на Њујорк.

Серијата ќе почне да се прикажува на 18-ти септември.

The Lowdown

Со Итан Хок во главната улога, The Lowdown е драма која се фокусира на сопственик на книжарница во град во Оклахома, кој навечер работи како новинар и ја истражува локалната корупција.

Откако ќе разоткрие заговор, пробува да го заштити своето семејство, но и вистината.

Првата епизода ќе биде прикажана на 23-ти септември.

Slow Horses

Популарниот трилер со Гери Олдман во главната улога оваа есен ќе ја има својата петта сезона.

Главните ликови во серијата се тим тајни агенти од MI5 и нивниот озлогласен шеф кои пробуваат да ја заштитат Англија од разни закани.

Новата сезона ќе почне да се прикажува на 24-ти септември.

The Last Frontier

The Last Frontier е нова серија со напната приказна.

Главниот лик е американски маршал лоциран на Алјаска. Откако се руши авион кој пренесувал насилни криминалци, тој пробува дa ја реши мистеријата зад несреќата, но и да ги лоцира затворениците.

Серијата ќе почне да се прикажува на 10-ти октомври.

The Withcher

Оваа есен ќе имаме можност да ја погледнеме и четвртата сезона од серијата The Witcher.

Снимена според истоимените книги и видеоигри, главниот лик во серијата е Џералд – вештер, односно волшебник кој лови чудовишта.

Дејството е сместено во измислен свет инспириран од Средниот век, но и словенската митологија.

Не е познат точниот датум, но новата сезона ќе почне да се емитува кон крајот на овој октомври.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...

Најчитани неделава