10 нови серии (и сезони) што со нетрпение ги очекуваме оваа есен
It: Welcome to Derry
Снимена според книгата на Стивен Кинг, It: Welcome to Derry е приквел на популарните филмови со Бил Скарсгард. Дејството е сместено по 1960-тите, и ги следи настаните пред првиот филм.
Во градот Дери, по исчезнувањето на момче, се вселува семејство со дете. Но, по нивното пристигнување, почнуваат да се случуваат лоши работи.
Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на 26-ти октомври.
Pluribus
Pluribus е серија на Винс Гилиган – креаторот на култната Breaking Bad.
Главниот лик во серијата е „најмизерната личност на Земјата“, чија задача е да го спаси светот од среќа.
Серијата премиерно ќе биде прикажана на 9-ти ноември.
A Man on the Inside
Покрај мрачните серии, есенва ќе има нова сезона и од комедијата A Man on the Inside.
Главниот лик е пензиониран професор чиј живот тргнува во нова, неочекувана насока, откако приватен детектив го најмува да се инфилтрира во пензионерски дом во Сан Франциско.
Втората сезона ќе почне да се прикажува на 20-ти ноември.
Landman
Со Били Боб Торнтон во главната улога, годинава ќе биде прикажана втората сезона од серијата Landman.
Дејството е сместено во Западен Тексас, каде неколку луѓе пробуваат да го искористат „нафтениот бум“ во земјата и брзо да се е збогатат.
Втората сезона ќе почне да се прикажува на 16-ти ноември.
Stranger Things
По нешто повеќе од три години, есенва конечно ќе имаме можност да ја погледнеме последната, петта сезона од Stranger Things.
Дејството на серијата е сместено во 1980-тите, во гратче во Америка каде што исчезнува мало дете.
Додека полицијата и мајка му трагаат по него, неговите пријатели почнуваат да откриваат низа мистерии во градот.
Новата сезона ќе почне да се емитува на 26-ти ноември.
Спирова С. | Црнобело