10 понови филмови кои се покажаа како неочекувано добри

Новиот филм на режисерот на Parasite, филмот снимен според видеоиграта Minecraft, но и неколку хорор-филмови кои го оживеаја жанрот.

10-ponovi-filmovi-koi-se-pokazhaa-kako-neochekuvano-dobri-01.jpg

Кога реномиран режисер ќе најави нов филм, генерално се очекува да биде добар. И, во повеќето ситуации, очекувањата се исполнети.

Но, има и филмови за кои апсолутно никој не очекува да бидат добри, за на крај да бидат навистина пријатно изненадување.

10 понови филмови за кои повеќето се сомневаа, но се покажаа хит:

A Minecraft Movie

Обично филмските адаптации на видеоигри поминуваат лошо, па сомнежите за A Minecraft Movie беа очекувани.

Но, филмот се покажа како огромен успех.

Дејството на филмот е сместено во фиктивниот свет од играта Minecraft. Главните ликови се четворица луѓе кои случајно завршуваат во овој свет и бараат начин да се вратат назад.

Mickey 17

На прв поглед, новиот филм на режисерот на Parasite делува по малку бизарно, но е освежување, особено ако сакате научна фантастика.

Главнит лик е Мики, маж кој почнува да живее во вселенска колонија, како работник кој е клониран секојпат откако ќе умре.

Поради ова, неговата задача е за извршува опасни и смртоносни работи.

The Long Walk

Бидејќи многу адаптации на книгите на Стивен Кинг потфрлиле, јавноста немаш некои очекувања за The Long Walk.

Сепак, научнофантастичниот хорор беше уживање за фановите на жанрот.

Главните ликови се група тинејџери кои учествуваат во опасен натпревар – мораат да изодат големо растојание со константна брзина. Ако ја променат брзината или застанат, ќе бидат убиени.

Anyone but You

Обично никој не очекува романтичните комедии да бидат нешто повеќе од лесен филм за релаксација.

Но, изгледа дека Anyone but You повторно го оживеа жанрот.

Инспириран од шекспировата драма „Од влакно, ортома“, дејството на филмот се фокусира на дечко и девојка кои имаат убав прв состанок, но брзо го заладуваат односот.

Кога ќе завршат на иста свадба како гости, мораат да се преправаат дека се среќен пар пред другите.

Barbie

Кога Barbie беше најавен, режисерката Грета Гервиг главно се соочи со шеги и никој не можеше ни да претпостави каков филм е во прашање.

Фактот дека беше најпопуларен филм во 2023-та е доволен показател дека Barbie беше пријатно изненадување.

Главниот лик е, секако, Барби која живее во нејзиниот розов свет. Откако со Кен одат во вистинскиот свет, почнуваат да учат за убавите, но и лошите работи од животот на луѓето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв Midsommar кој многумина го нарекуваат најдобриот хорор-филм или I Know What You ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...

Најчитани неделава