10 понови филмови кои се покажаа како неочекувано добри

Indiana Jones and the Dial of Destiny

По навистина лошото четврто продолжение, никој не ни очекуваше нов филм со Индијана Џонс.

Но, The Dial of Destiny му донесе и нови фанови на омилениот археолог.

Во последното продолжение, Индијана Џонс и неговата ќерка пробуваат да лоцираат моќен артефакт.

По истиот артефакт трага и нацистички научник кој сака да го смени исходот на Втората светска војна со него.

The Substance

Хорор филмовите со вознемирувачки сцени не се нешто што поминува многу добро кај пошироката јавност.

Но, The Substance се покажа како одличен филм, притоа со важна поука.

Главниот лик е актерка која добива отказ поради нејзината возраст. Очајна, таа си инјектира серум кој наводно треба да ѝ ја врати младоста.

Weapons

Уште еден хорор на листата за кој голем дел од јавноста не ни знаеше дека е во продукција пред премиерата, па не ни имаше некои очекувања.

Со заработка седумпати поголема од буџетот, станува јасно дека филмот е пријатно изненадување.

Наративот во Weapons не е линеарен, а дејството се фокусира на 17 соученици кои од непознати причини, бегаат од дома во потполно исто време.

Conclave

Со дејство што се фокусира на конклава и не ветува никаква акција, Conclave делуваше како филм за ограничена публика.

И покрај ова, неизвесноста, но и маестралната изведба на Рејф Фајнс, го направија филмот еден од најпопуларните од 2024-та.

Како што кажува и името, дејството се фокусира на конклавата во Ватикан, по смртта на папата.

Главниот лик е свештеник кој треба да ја организира целата церемонија.

Sinners

За крај, уште еден хорор-филм кој докажа дека жанрот доживува вистинска ренесанса изминативе неколку години.

Главните ликови се близнаци кои сакаат да си го средат животот и за таа цел се враќаат во нивниот роден град.

Но, овде ги пречекува вистинско зло.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв Midsommar кој многумина го нарекуваат најдобриот хорор-филм или I Know What You ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...

Најчитани неделава