10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2026

Рекордерот Sinners кој освои дури 16 номинации, но и новиот филм на Леонардо ди Каприо кој го нарекуваат еден од најдобрите од 2025-та. Конкуренцијата во главната категорија на годинашните Оскари е навистина голема.

10-filmovi-shto-treba-da-gi-izgledate-pred-oskari-202601.jpg

За годинашното издание на Оскарите, номинација добија дури 50 филмови во 23 различни категории.

Иако освојувањето на златната статуетка во која било категорија е огромен успех, само осум од нив се сметаат за „главни“, како најдобар актер во главна улога или, пак, најдобро сценарио.

Секако, можеби најважна е категоријата „најдобар филм“, на која ќе се фокусираме и ние.

Како и лани, годинава десет филмови ќе се борат во главната категорија, а конкуренцијата е навистина голема, па вреди да им дадете шанса.

Кои се десетте филмови номинирани во главната категорија?

Bugonia

Во режија на Јоргос Лантимос, Bugonia е спој на мрачна комедија и научна фантастика.

Двајца мажи кои се опседнати со теории на заговор киднапираат директорка на голема компанија.

Причината е тоа што се убедени дека е вонземјанин кој сака да ја уништи Земјата.

Frankenstein

Адаптацијата на „Франкенштајн“ на Мери Шели мошне добро ја доловува меланхолијата на книгата.

Главниот лик е Виктор Франкенштајн, генијален, но ексцентричен научник кој успева да создаде живо суштество од делови од мртви човечки тела.

Но, неговата најголема креација се заканува да стане и негова пропаст.

F1

Главниот лик е Сони Хајес кој во 1990-тите бил на пат да стане меѓу најдобрите возачи на Формула 1.

30 години откако доживеал несреќа, сопственикот на Формула 1 тим успева да го убеди да се врати на тркачките патеки.

Филмот има одлична актерска екипа која ги вклучува Бред Пит и Хавиер Бардем.

Hamnet

Hamnet е историска фикција, делумно инспирирана од животот на познатиот Вилијам Шекспир.

Во 16-тиот век, Вилијам и неговата сопруга Агнес добиваат син, Хамнет, кој умира многу млад.

Оваа трагедија го инспирира да напише една од неговите најпознати драми – „Хамлет“.

Marty Supreme

Спортска драма која му донесе на Тимоти Шаламе уште една номинација за Оскар.

Со дејство сместено во 1950-тите, филмот е делумно инспирирано од животот на пинг-понг играчот Марти Рејзман.

Главниот лик е Марти, продавач во продавница за чевли кој паралелно игра пинг-понг и сонува да стигне далеку со својата страст.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg