10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2026

One Battle After Another

Со Леонардо ди Каприо во главната улога и во режија на Пол Томас Андерсон, филмот мошне брзо ги освои симпатиите на публиката и го вбројуваат меѓу најдобрите од 2025-та.

Главниот лик е некогашен револуционер кој живее изолиран од светот, заедно со неговата ќерка.

Кога се појавува негов стар непријател и ќерка му исчезнува, тој тргнува на мисија да ја најде.

The Secret Agent

The Secret Agent е филмот што го насочи фокусот кон бразилската кинематографија.

Дејството на напнатиот треилер е сместено во 1977 година, кога експерт за технологија бега од своето мистериозно минато и се враќа во својот роден град.

Но, набрзо сфаќа дека градот не е засолништето што си го замислувал.

Sentimental Value

Уште еден филм кој не е од англиско говорно подрачје, а е во режија да данско-норвешки режисер Јоаким Трир.

Главниот лик е режисер кој е оддалечен од своите ќерки.

За својот нов проект одлучува да ангажира една од нив, но таа го одбива.

Sinners

Со дури 16 номинации, повеќе од кој било друг филм во историјата на Оскарите, Sinners стана рекордер, и тоа заслужено.

Главните ликови се двајца браќа со криминално минато кои се враќаат во својот роден град со надеж да почнат одново.

Но, овде ги затекнува зло какво што не можат ни да си замислат.

Train Dreams

Емотивната драма во режија на Клин Бентли е сместена во 20-тиот век, во САД.

Главниот лик е Роберт, дрвосечач и градител на пруги кој живее тивок живот, додека Америка каква што ја знае се менува и модернизира со драстична брзина.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg